01.04.2023

Еуро Никел 2005 „падна“ пред налетите на расположените гостиварци (85:65)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар не попушта во трката за третото место

Кошаркарите на Гостивар остануваат во битката со ТФТ Mozzart  за третото место на табелата. По победата на „црно-белите“ против Струмица 2022,  гостиварци „одговорија“ веднаш, со успешна игра и победа над Еуро Никел 2005.

ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 2005           85:65

Израмнето се играше во првото полувреме. Минути во кои ниту една од двете екипи не направи некоја посериозна предност. Во првата четвтртина најголемото водство од три разлика (15:12), беше за Гостивар, по тројката на расположениот Ефремовски.

На истекот на првиот период беше слично, (19:17).

Апсолутно ништо не се промени ниту во минутите кои следуваа. „Сино-беите“ имаа и четири поени „вишок“ (23:19), но ништо преку тоа. На средина на тој период, Еуро Никел 2005 успеа, макар и за момент, да поведе. Секако, со минимални (26:25), преку нивниот поентерски најрасположен играч во првиот дел, Планиниќ.

Уште една, повторно по тројката на Ефремовски (12.поени), Гостивар се одвои на (30:26), и таа разлика ја сочува и на истекот на 20.минути.
период во кој Корсантиа веќе беше двоцифрен во колоната поени (10), и онаа на скокови (11).

На другата страна Планиниќ веќе беше на 16.реализации, скоро половина на гостите од Кавадарци.

Во продолжението, мала промена, Гостивар беше екипата која успеа да направи нешто повисока предност. Но не двоцифрена...

Во 26. минута, домаќините поведоа со (50:42), нешто потоа имаа и (54:46), за тој трет период гостиварци да го затворат со водство (57:49).

А со четирите по ред поени на Вучковиќ, кој стана и третиот „двоцифрен“ (18.поени), домашниот тим поведе со повеќе од десет поени (61:49). Серијата на Гостивар „продолжи“ до (13-3), за уште повисоки, и недостижни (70:52), иако до крајот на мечот во „Младост“ остана да се играат повеќе од пет минути.

Корсантиа одигра уште еден одличен меч во дресот на Гостивар, заокружен со дабл-дабл учинок од 25. поени и 15. скока, и висок 38 индекс, Вучковиќ запиша 20, Ефремовски додаде 17 поени, но и за него највисоки во оваа сезона 11 асистенции, додека Жигон застана на 13.реализации во домашната екипа.

Во гостинската, далеку напред Планиниќ, реализатор на 25 поени, следен од искусниот Соколов со 20, додека уште десет додаде Стојановски.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20. КОЛО

Гостивар – Еуро Никел 2005    85:65

Работнички – Чаир 2030            83:67

ТФТ Mozzart – Струмица 2022 92:82

Пелистер – Феникс 2010       (во тек)

3.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Rpx4SHY96Rk?feature=share

4.АПРИЛ (ВТОРНИК)

18.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zPEshf08DZU?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 36 (-1), Пелистер 34 (-1), ТФТ Mozzart 34, Гостивар 34, Работнички 32, Феникс 2010 30 (-1), Еуро Никел 2005 31, Кожув 27 (-1), Чаир 2030 24, Навико Академија ФМП 23 (-1), Куманово 2009 23 (-1), Струмица 2022 22;