19.11.2022

Шеста победа на лидерот, сигурна игра против Струмица (102:80)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар останува максимален

Шеста победа во шест натпревари за кошаркарите на Гостивар. Продолжија да победуваат гостиварските „сино-бели“ и по репрезентативната пауза. Одиграа сигурно, имаа постојано водство, и на крајот ја совладаа Струмица. 

ГОСТИВАР – СТРУМИЦА 102:80

Сосема солидно водство реализираа кошаркарите на Гостивар во првото полуувреме. Двоцифрено (50:40), до кое дојдоа со една доста трпелива игра. Без особено форсирање на шутот од далечина.

Но второто полувреме го стартуваа уште подобро...

Токму со две реализирани тројки на репрезентативецот Ефремовски. За највисоки (56:43), кои ги покачи Корсантија, вториот најдобар стрелец во Гостивар.

Тешка задача имаше тренерот на Струмица, Златко Зетов да пронајде одговор за ефикасниот почеток на гостиварци. Со практично една петорка, и клупа, на која само играчки беа Шајкаров и Абрашев, работата на гостите им беше уште потешка.

Токму Ефремовски и Корсантиа беа водечката офанзивна сила на лидерот во продолжението на овој натпревар. Донесоа уште повисоки (64:48) за домаќинот на средина од третата четвртина.

На другата, струмичка страна, поентерски се издвои „трилингот“ Крстајиќ-Волканоски-Асрат, кои искомбинираа 41. од вкупно 48.поени.

На крајот на овој период, слични (76:60), а во оној послендиот, без никакви резултатски доближувања, особено не од екипата која го „бркаше“ резултатот.

Инаку, ова шесто коло од Првата лига-мажи, ќе биде затворено на 22.ноември (вторник) со натпреварот кој ќе го одиграат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Куманово 2009 од 18.шасот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

Гостивар – Струмица 2022        102:80

Феникс 2010 – Еуро Никел 2005         78:83

Работнички – Навико Академија ФМП        120:84

ТФТ – Кожув           103:80

Пелистер – Чаир 2030    91:70

22.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром -  Куманово 2009

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/AJi8sxkun28

ТАБЕЛА: Гостивар 12, Пелистер 11, Феникс 2010 10, Еуро Никел 2005 10, МЗТ Скопје Аеродром 9 (-1), ТФТ 9, Кожув 8, Чаир 2030 8, Работнички 8, Навико Академија 7, Струмица 7, Куманово 2009 6 (-1);