Последната четвртина беше пресудна за победникот на средбата во „Младост“. Иако Работнички беше подобар во претходните три, реши серијата од 12. поени по ред на лидерот на табелата во домашниот шампионат во текот на последната.
ГОСТИВАР– РАБОТНИЧКИ 87:76
Долго време се играше израмнето во првиот дел од играта во Гостивар. Барем до оној момент кога гостинската екипа со серијата од (10-3), не стигна до сосема солидно водство од (36:28), како што беше резултатот на средина од втората четвртина.
Период од играта во кој Гостивар врати и поведе со минимални (41:40), но гостите беа тие кои на голем одмор заминаа со предност (47:43).
Не се сменија многу работите и на почетокот на второто полувреме. Во неколку наврати гостите од Скопје имаа водство, но не поголемо од пет поени. Но четвртината сепск беше затворена со минимално водство на Гостивар - (64:63)
А во онаа последната, како клучна се покажа серијата од (12-0) на домашната екипа, по која поведе со (80:67), недостижни за противникот, кој го запиша и четвртиот неуспех од пошетокот ма сезоната.
Грузиецот Георги Корсантија со 19 поени повторно беше најефикасен на теренот, Лувејн Пипкинс постигна 17, Максим Митевски 16 поени. Кај Работнички Форте и Марковски беа најрасположени со 18, односно 13 поени.
Гостивар е лидер, со максимални четири победи во исто толку натпревари, и тоа против најтрофејните и најквалитетните екипи во Македонија
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО
Феникс 2010 – Куманово 2009 89:66
ТФТ – Еуро Никел 2005 90:78
Гостивар – Работнички 87:76
30.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.00: Кожув – Чаир 2030
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://youtu.be/iEvZqSqkhhM
18.30: Пелистер – Струмица 2022
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://youtu.be/9G3hJLc_iig
31.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.00: МЗТ Скопје Аеродром - Навико Академија ФМП
СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/KrIQAexs_e8