Екипата на Гостивар стигна до првиот првенствен успех во новата натпреварувачка сезона, Иако без помошта на својата верна пиблика, во празната сала „Младост“, беа подобри од актуелниот вицешампион – Пелистер.
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 91:79
Мошне ефикасно прво полувреме одиграа двете екипи пред празните трибини во салата „Младост“. Особено тоа се однесува за домашниот тим, кој водеше од првата до последната минута од полувремето.
Односно 20. минути во кои Гостивар имаше предност и од 14. поени (44:30) во 18. минута. Но битолчани со сериј од девет поени, се вратија на минус 5 (39:44), за во тие возбудливи две минути, новите играчи во домашниот состав, Корсантија и Пипкинс со пет поени да ја вратат разликата на двоцифрена (49:39).
Во средината на третата четвртина, односно во 27.минута, Гостивар се стекна со уште повисоки (65:48).
„Пелистерци“ уште еднаш„ се симнаа на десет поени негатива (75:65), кога се играше 36.минута. Но немаа сили за нешто повеќе, впрочем така беше и низ целиот тек од средбата во Гостивар која поентерски, кај домаќините ја одбележаа Пипкинс, кој реализираше 26.поени, Ефремовски кој даде 20, и Корсантија кој имаше два помалку.
Во тимот од Битола, Хаџифејзовиќ постигна 22, Карутерс 16, а Мустафица уште 12.поени.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – КОЖУВ 79:75
Во првиот дел од играта, новиот состав на Навико Академија ФМП ја имаше постојано предноста на својата страна. Но никако домашните кошаркари не успеваа да изградат сериозна предност.
На истекот на првата четвртина домаќинот имаше плус пет, (21:16), изградена со серијата од (8-2).
Највисокото водство (27:19) го имаа по 13.минути игра. Во наредните четири гостите од Гевгелија се доближија на (29:30), и ја вратија неизвесноста во натпреварот.
На полувремето беше слични (41:39) за Навико Академија ФМП.
Во слично темпо се одвиваа настаните и во продолжението од играта во кое за првпат Кожув премина во водство, макар и минимално (55:54).
Но за кратко, затоа што со девет поени по ред, домашната екипа го врати водството на својата страна (63:55). И успеа да го сочува, и на почетокот на новата сезона да стигнат и до првиот триумф (79:75).
Ги предводеше трилингот, Овенс (24.поени)-Џонс (14)-Пајиќ (12), додека на другата страна, Гордон финишираше со 29. поени, Колев имаше 11, а Скот девет поени.
СТРУМИЦА - ЕУРО НИКЕЛ 2005 84:95
На третиот и последне натпревар од саботната програма, очекувано, кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја оправдаа улогата на фаворито на гостувањето во Струмица. беа подобри од повратникот во друштвото на најдобрите, Струмица, во салата „Парк“ избраниците на тренерот Горан Самарџиоев славеа со сигурни (95:84).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Навико Академија ФМП – Кожув 79:75
Гостивар – Пелистер 91:79
Струмица – Еуро Никел 2005 84:95
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 60:74
9. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
14.00: Куманово 2009 – Чаир 2030
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/cOaCpLS3c1c
18.00: Работнички – Феникс 2010
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/Yj03rAqYrpU