11.03.2023

Гостиварци ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето во струмички „Парк“ (79:72)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар „спои“ две победи, за напредување на табелата

Уште во првата четвртина гостиварци обезбедија двоцифрена предност која успешно ја одбранија во другите три, и запишаа важен триумф во струмички „Парк“.

СТРУМИЦА 2022 – ГОСТИВАР  72:79

Уште од самото отварање на натпреварот, гостиварските „сино-бели“ поставија доминација о играта. Освен тоа, имаа и висока реализација во шутот, видливо и на резултатот. По 10. минути игра, имаа и високи (28:13), разлика која се поажаи како недостижна за домашните кошаркари.

Навистина, во вториот период, Струмица заигра далеку подобро, успеа и да ја намали негативата на достижни (31:39). Но сето тоа беше некако со „краток здив“, затоа што од гостиварци ги консолидираа своите редови. Го лимитираа составот кој го предводи Јорданчо Давитков на пет поени до крајот на четвртината. За ново „бегство“, сега на (50:36) на полувремето.

Во вторито дел гостите, макар и со повремени падови, нешто налик на играта во првото полуѕвреме, ја одржуваа двоцифрената предност.

Ралика во однос на тој дел од играт абеше далеку позабележливата неефикасност, на двете страни од игралиштето.

Струмица и Гостивар комбинираа само 32 поени во третата четвртина, а тоа беше доволно за гостите да останат со предност од (65:53) која гостиварци рутински ја сочуваа предноста.

Доволни за нивна 11. победа во првенството, Струмица пак останува на само две во 17 одиграни мечеви.  

Гиорги Корсантиа со дабл-дабл од 19. поени и 20 скока беше лидер на Гостивар. А доста сличне ефект на ругата страна од теренот забележа Стефан Крстајиќ, кој освен 18 поени, имаше и девет скока и седум асистенции.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Струмица 2022 – Гостивар        72:79

Навико Академија ФМП – Работнички        (во тек)

Еуро Никел 2005 – Феникс 2010         (во тек)

14. МАРТ (ВТОРНИК):

18.00: Кожув – ТФТ Мozzart

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/rj6YgfXUJN8?feature=share

19.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Перо Наков“ - Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/T8K1SO88QTE?feature=share

15. МАРТ (СРЕДА):

18.00: Чаир 2030 - Пелистер

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8Oh0GzE19Lw?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30, Пелистер 29, Гостивар 28, ТФТ Mozzart 27, Феникс 2010 26, Еуро Никел 2005 24, Работнички 24, Кожув 22, Куманово 2009 20, Чаир 2030 19, Навико Академија ФМП 19, Струмица 2022 19;