11.11.2023

Одличното второ полувреме, гостиварци го претворија во многу важна победа над ко-лидерот на табелата (89:84)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар стави крај на серијата на чаирчани, Еуро Никел 2005 со силно второ полувреме го „скрши“ Охрид

Негативата која ја имаа по првиот дел од играта не ги поколеба борбените играчи на Гостивар да заиграат многу подобро во продолжението од мечот во салата „Младост“, и да стават крај на серијата на успешни игри на гостите од Скопје. 

ГОСТИВАР – ЧАИР 2030 0:0

Гостите од Скопје имаа убава предност на полувремето. Водеа со (44:36), а незадржливо делуваше Корбет, кој ги одигра сите 20.минути, во кои му недостасуваше само еден скок за дабл-дабл скор. Реализираше 29.поени и 9.скока, но и две асистенции, и беше најзаслужен за солидната позитива на чаирачани во тој прв дел од играта.

Инграм и Вензант и Вилијамс реализираа 29 од вкупно 36 поени за екипата од Гостивар.

Но во салата „Младост“ требаше да се (од)игра и второто полувреме, она во кое гостиварци направија вистински пресврт, и во играта , секако, и во резултатот. Уште во третиот период од играта, „сино-белите“ ја анулираа негативата. На влезот во последната, Гостивар водеше со (67:65).

Во текот на последната, домашната екипа се одвои и на двоцифрена позитива (82:72), како што беше резултатот во 35.минута. Но чаирчани не се предаваа, во претпоследната минута, по 36.поен на Корбет, стигнаа и до минус 2, (84:86), и донесоа вистинска драма во последните шеесет секунди.

Следуваше неспортска грешка на Мустафица. Но неказнета од Вензант.Сепак, истиот играч се поправи веќе во наредниот напад. Беше многу помирен од линијата за слободни фрлања. На 27.секунди пред крајот, Гостивар имаше (88:84). Корбет не ја намали таа негативна разлика, а Митевски ја потврди многу важната победа.

Инграм беше играч на натпреварот, даде 26.поени со висок процент на реализација, но добро својата задача си ја одработија и Вензант, кој на крајот дојде до 23.поени, а два помалку од него даде Вилијамс.

Фантастичниот Корбет имаше неверојатни бројки, 36.поени и 17.скока, Мофит го следеше со 22.реализации, а Мустафица имаше упте 14. За екипата на Чаир 2030.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ОХРИД      100:59

Доста израмнето прво полувреме во „Јасмин“, во кое сепак кавадарчани обезбедија предност, иако не голема (45:39). А Глигоријевиќ и Блекшир ја достигнаа бројката од десет поени во Еуро Никел 2005.

Победникот на овој меч беше решен во третиот период, оној најдобриот и најефикасниот за кавадарчани. Реализираа дури 35. поени кошаркарите на Еуро Никел 2005, на спротивната страна, примија многу помалку, само 12. За големи, за недостижни (80:51) по три одиграни четвртини.

Што е уште поважно за стручниот штаб, предводен од тренерот Атанас Манев. Со дури шестмина „двоцифрени“ кошаркари. Глигоријевиќ застана на 16.поени (плус и 10.скока), Дубински имаше 15 (дополнети со десет асистенции), Караколев и Блекшир додадоа по 12, а добра роља имаше и младиот Тодороски кој постигна 13.поени, а имаше и пет скока.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ О ДВОЈКИ 7.КОЛО

Еуро Никел 2005 – Охрид         100:59

Гостивар – Чаир 2030     89:84

Кожув – Вардар    65:48 (прекин)

Пелистер – ТФТ Моцарт (ВО ТЕК)

Навико Академија ФМП – Работнички    (ВО ТЕК)

ПОРАНО ОДИГРАНО:

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 73:64

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13, Чаир 2030 12, ТФТ Моцарт 11, Еуро Никел 2005 12, Пелистер 10, Феникс 2010 10, Работнички 9, Вардар 9, Гостивар 10, Кожув 7, Охрод 8, Навико Академија ФМП 6;