16.03.2024

Во третиот период, Гостивар направи (35:11) и ги реши дилемите околу триумфот на гостувањето кај Навико Академија ФМП, конечни (102:82)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар стигна до „стотка“, и е многу блиску до плеј-офот

Кошаркарите на Гостивар направија уште еден сериозен чекор на патот кон освојувањето на осмото место, последното кое води во доигрувањето за титулата, односно опстанокот во друштвото на најдобрите.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР      82:102

На гостувањето во Кисела Вода им беше потребна една силна четвртина, онаа третата, во која ги тргнаа сите дилеми дека во овој момент се далеку подобра екипа од домашната.

За десет минути игра по паузата, гостиварци направија големи (35:11), дојдоа до недостижни (81:55) по три одиграни четвртини. Па онаа последната се претвори во една обична формалност.

По 20.одиграни кола, односно во пресрет на последните две, гостиварци се на ефект од 7. победи и 13. порази. И во овој момент се на два чекори пред нивниот главен конкурент за осмото место, екипата на Кожув, да го одигра својот меч од ова коло (гостување кај ко-лидерот на табелата Работнички), со реални шанси и да остане на истото.

Одлично своите задачи ги одработи стартната петорка во составот на тренерот Јорданчо Давитков. Поентерски предначеа Вилијамс (26) и Инграм (28), а двоен број на реализации имаа и Стојаноски (16), Слејтер (11) и Остен, кој освен 13 поени оствари и 13. скока.

Во домашниот состав, Робертс даде 22.поени, Петровски имаше 19, а  Димитровиќ оствари доен ефект изразен со реализација на 14.поени и 12.скока, а десет поени даде и Масевски.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

 

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20.КОЛО

16.МАРТ (САБОТА)

Навико Академија ФМП – Гостивар  82:102

18.00: Работнички – Кожув

21.00: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром  (42:44)

17.МАРТ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Охрид

Мала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iA7MfuFo1g4?si=Uilbl5j3EsEpUDah

ПОРАНО ОДИГРАНО:

Вардар – Пелистер          74:86

ТФТ Моцарт – Еуро Никел 2005          73:56

ТАБЕЛА: Работнички 34 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 34 (-1), Пелистер 34, Еуро Никел 2005 33 ТФТ Mоцарт 33, Чаир 2030 32 (-1), Феникс 2010 30 (-1), Гостивар 27, Кожув 24 (-1), Академија ФМП 24 Охрид 23 (-1), Вардар 23;