22.10.2022

Во „Младост“ е совладан и актуелниот Куп-освојувач, ТФТ со сигурни (90:83)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостивар турка се пред себе

ФОТО: Гостиварпрес

По три одиграни кола и три дуели против најдобрите екипи од минатата сезона, екипата на Гостивар останува со максимален ефект, единствен во Првата лига-мажи.

ГОСТИВАР – ТФТ   90:83

Конечниот резултат и не го одразува најдобро она што се случуваше на теренот во салата „Младост“ бидејќи домаќините во последната четвртина имаа и 17 поени предност.

Гостивар го контролираше резултатот во најголемиот дел. По ет минити гостиварци имаа (16:8), но ТФТ се доближи на (22:24) до крајот на четвртината.

Диста израметот се играше се до средината на третиот квартал. Домаќините тогаш направија серија од 7-0 и поведоа со двоцифрени (65:54), слино бепе и на истекто на тој дел од играта (67:55).

Доминацијата на Гостивар кулминираше во последната четвртина кога беше достигната и највисоката предност (88:71).

Гиорги Корсантија дојде до дабл-дабл ефект од 23. поени и 17 скока, Пипкинс заврши со 22 поена, 8 асистенции и 6 скока,  Виктор Ефремовски со 19 поени.

Кај гостите од Скопје новакот Мекбрајер даде 21 поен.

Третотo коло донесе радост во Куманово

Дури во третото коло, екипата на Куманово дојде до првата победа во новата сезона.

КУМАНОВО 2009 – КОЖУВ       92:78

Уште од почетните (6:0), стана јасно како ќе се одвиваат работите, макар што на истекот на четвртината кумановци водеа само со (21:19)

Но сосема поинаку се одвиваа настаните во втората четвртина, онаа во која домашната екипа дојде до највисоки (49:34), предност, која со мали осцилации се одржуваше до крајот на натпреварот.

Нвистина, гостите од еГевгелија беа на минус од девет поени, (70-79) на шест минути пред крајот, но Куманово не дозволи драматична завршница.

Јузбашиќ со двоен скор од 22. поена и 13. скока беше најдобар играч на домашниот тим, но се истакнаа уште Нацевски со 20 поени и Зивчевиќ со 12 поени, девет скока и седум асистенции.

Кај Кожув повторно одличен беше Мајрон Гордон кој оствари дабл-дабл со 27 поени и 10 скока.

Михајлоски ги шокираше кавадарчани

Дуелот во СРЦ „Кале“ заврши со минимален успех благодарение на кошот на Павле Михајлоски на секунда пред истекот на времето за огромно домашно славје.

ЧАИР 2030 – ЕУРО НИКЕЛ 2005           74:73

И претходно чаирчани почесто беа во водство, но се чинеше дека Еуро Никел во финишот има добитна комбинација.

На 25 секунди пред крајот имаа кавадарчани плус од три поени, кој неверојатно го испуштија, и загубија, за првпат во новата сезона.

Највисоката предност чаирчани ја имаа во 24.минута, кога стигнаа до доцифрена позитива од (47:36). Но „трилингот“, Соколов, Димчевски и Младеновиќ со тројки го вратија Еуро Никел на само три поени негатива (46-49) во само две минути.

ФОТО: Алтин Рушити КК Чаир 2030

Тимот од Чаир продолжи со добрата игра. Имаше и (66:58), но уште еднаш гостите од Кавадарци се вратија, сега со серијата од (8-1), за (66:67).

Драмата почна на две минути пред крајот кога Младеновиќ постигна тројка за израмнување на 70-70. Димчевски подоцна со три поени во низа го однесе Еуро Никел на (73:70) на 25 секунди пред крајот.

Од линијата за слободни фрлања, погоди Френклин, а при изведувањето на топјата во игра, погрешија Димчевски и Николовски, и му дадоа шанса на Чаир 2013 во 17. секунди да организира напад за победа.

За тоа време, Чаир 2030 имаше дури три шута во една акција, Френклин и Рушити промашија за три поени. Но при обидот на Рушити топката ја прифати Михајлоски кој од под кошот успеа „отпадокот“ да го претвори во победа.

Френклин со 25. поени беше најефикасен кај Чаир 2030, а Мохамед оствари дабл-дабл со 24. поени и 12. скока. Кај Еуро Никел 2005, Николовски постигна 19. поени, а Димчевски дојде до двоен скор од 16. поени и 12. скока.

Во недела, од 18.часот, Струмица ќе биде домаќин на одличниот состав на Феникс 2010, кој веќе направи две победи, па во „Парк“ ќе брка трета за сочувување на тој статус.

Во вторник пак во Кисела Вода ќе гостуваше битолски Пелистер, екипата која имаше успешен старт во натпреварите од АБА 2 конкуренцијата на турнирот во Златибор, па со максимално покачена самодоверба ќе тргне во натпреварпт против Навико Академија ФМП.

Во среда, од 17.часот, во СРЦ „Кале“  е големото дерби во кое Работнички го дочекува МЗТ Скопје Аеродром.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Чаир 2030 – Еуро Никел 2005  74:73

Куманово 2009 – Кожув 92:78

Гостивар – ТФТ      90:83

23. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.00: Струмица 2022 – Феникс 2010

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://youtu.be/s8qsy9sPM6A

25. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: Навико Академија ФМП – Пелистер

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/HPy-3vmODWs

26. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

17.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/m5Y6nArTW_o