26.11.2022

Поради обврските на нашите клубови во АБА лигата, и седмиот првенствен круг ќе се игра во неколку „дела“

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостиварци на гостување во Куманово, Работнички бара нов триумф во Струмица

Интересно, за прв пат во ова сезона, нема закажано натпревари во стандарниот, саботен термин.

Три натпревари, доста интересни се играат во недела.

Возбудувањата од ова седмо коло стартуваат од 18.часот, во Гевгелија, каде домашниот Кожув, со две нови измени во ростерот, ќе се обиде да излезе како победник против Феникс 2010. Екипа која исто така направи промени во оној странски дел од ростерот.

Половина час подоцна,  (18.30) и во непосредна близина, поточно во Струмица, гостува се подобриот Работнички, во обид да стигне и до третиот успех по ред со кој би се искачил место погоре на табелата.

Неделата ќе биде затворена со дуелот во Куманово, закажан за 19.часот, каде гостува досега непобедливиот состав на Гостивар. Пред себе има екипа која го бара својот идентитет, застана на само една победа, и очајно бара друга. Ќе им биде доста тешко, особено што и тие менуваат во од...

Со оглед на тоа што своите обврски во „балонот“ во Сараево кошаркарите на ТФТ веќе ги одработија, во понеделник (18.00)  им следува првенствената средба на гостински терен кај Навико Академија ФМП.

МЗТ Скопје Аеродром во недела навечер има и тоа како сериозен предизвик во АБА мечот со Мега на домашен терен, па по некој ден за одмор, својот натпревар од ова коло, против новакот Чаир 2030 го закажаа за 29. ноември (вторник), но наместо во Чаир, средбата ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Седмиот круг ќе биде затворен на 1. декември (четврток) со натпреварот во салата „Јасмин“, каде од 18.часот,  Еуро Никел 2005 ќе го пречека битолски Пелистер, кој своите обврски во АБА 2 лигата ќе ги затвори утре навечер.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 7. КОЛО

27.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

18.00: Кожув – Феникс 2010

Сала „26.април“ - Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/gIbmQSMDV5U

18.30: Струмица 2022 – Работнички

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://youtu.be/C3tX2kigeRU

19.00: Куманово 2009 – Гостивар

Сала „Перо Наков“ - Куманово

ЛИНК: https://youtu.be/Om8at0JwSeU

28.НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Навико Академија ФМП – ТФТ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/s9rasVyzG6A

29.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030

Спортски центар „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/3xEOn96Kw0I

1.ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/-HgaNacxzdk