ФОТО: Гостиварпресс.мк
Саботната програма во Првата лига, ја продолжија екипите на Гостивар и на Кожув. По изедначената прва четвртина, во втората, гостиварци ја преземаа контролата на играта и над резултатот, и стигнаа до планираниот триумф против гевгеличани.
ГОСТИВАР – КОЖУВ 100:83
Првата четвртина им припадна на гостите од Гевеглија, ја добија со минимални (17:16). Но многу работи беа променети во онаа следната. Гостиварци заиграа многу подобро, особено во нападот. Од минималната негатива за кратко време ја претворија во сосема солидни (43:30) како што беше резултатот по 20.минути од играта во салата „Младост“ во Гостивар.
Рамноправно се играше и во најголем дел од второто полуреме, посебно тоа се однесува за третиот период. Во кој гостиварци ја одржуваа таа двоцифрена позитива. Во „режија“ на троецот Вучковиќ-Пипкинс-Корсантија, кои по само 25.минути, веќе беа „двоцифрени“, а Гостивар имаше високи (61:44).
Во отсуство на првиот стрелец во лигата, Мајрон Гордон, улогата на поентери во Кожув, донекаде, се разбира, ја преземаа Јузбашиќ и Ризвиќ. Но Гостивар го зголеми водството, на истекот на третата четвртина домаќините водеа и со (72:54).
На крајот, Пипкинс беше најефикасниот играч на мечот со 25.поени. Вучковиќ даде 19, Корсантија имаше дабл-дабл ефект од 13.поени и 12.скока, Митевски додаде 14, а Маслинко уште 10. поени за Гостивар кој стигна до осмата победа во десет натпревари. Ризвиќ реализираше 24, Колев се истакна со 14, а Јузбашиќ остана на 12, поени за Кожув, кој останува на три победи.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10.КОЛО
ГОСТИВАР – КОЖУВ 100:83
РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 (во тек)
СТРУМИЦА 2022 – КУМАНОВО 2009 (во тек)
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030 (во тек)
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 95:90
19.ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/rpZwnuh5SDg
ТАБЕЛА: Пелистер 18, Гостивар 18, МЗТ Скопје Аеродром 17 (-1), ТФТ 16, Работнички 14 (-1), Феникс 14 (-1), Еуро Никел 2005 15 (-1), Кожув 13, Навико Акaдемија 12 (-1), Куманово 2009 11 (-1), Струмица 2022 10 (-1), Чаир 2030 10 (-1);