27.04.2022

Денеска и утре ќе се играат натпреварите од третото првенствено коло во двете натпреварувачки групи

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостиварци во „кризно време“ во Битола

Со натпреварот Пелистер-Гостивар денеска ќе биде отворен третиот круг од натпреварите во Суперлигата.

По победата над ТФТ, битолчани веќе обезбедија место во првата „четворка“ која ќе се натпреварува и за титулата, битолчани вечерва од 18.30 часот, имаат уште еден предзвик. Да бидат подобри од Гостивар, екипа која е во сериозна криза на игри, и пред се, на резултати.

Поголем проблем за тренерот Марјан Илиевски веројатно ќе биде да го состави тимот кој и пред неколку дена не беше комплетен. Недостасуваа тројца важни играчи во ростерот, но и тоа не беше проблем за „пелистерци“ да бидат подобри од освојувачот на Купот.

Доста повозбудливо и поизедначено би требало да биде на другите две средби кои се играат ден подоцна.

Од 18.часот во кавадаречки „Јасмин“ гостува токму екипата на ТФТ додека пак од 20.часот „соседско дерби“ на „Јане Сандански“, Феникс 2010 уште еднаш ќе го стави во искушение шампионот – МЗТ Скопје Аеродром.

Денеска е комплетната програма во плеј-аут конкуренцијата. Почнува со мечот во салата „Независна Македонија“ во Скопје во кој Ангели го дочекува Работнички.

Едeн час подоцна, во Куманово, домашните кошаркари ќе се обидат да дојдат и до петтата последувателна победа во натпреварот против екипата на Навико Академија ФМП, додека пак од 19.часот, во Гевгелија, Кожув е домаќин на младиот состав од Аеродром.

МЗТ Скопје Уни Банка и Ангели се со теоретски шанси да опстанат во најсилната конкуренција, но за да биде така, потребни им се поголем број на победи од досегашните три.   

СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ 3. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.30: Пелистер – Гостивар

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/ZviZ1XuZtg8

28. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – ТФТ

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/JvUHlnv_g2Y

20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/pnSc2UZcaJM

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 3. КОЛО

ДЕНЕСКА:

17.00: Ангели – Работнички

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/AtIJVYl21VU

18.00: Куманово 2009 – Навико Академија ФМП

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/shLRXKjzAlo

19.00: Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/FmTAPNjjCGY