29.09.2023

Во првото коло од новата сезона, во сабота навечер, (18.часот), ќе играат новите прволигаши, Вардар и Охрид

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Гостиварски предизвик за „пелистерци“

Два од предвидените четири натпревари во премиерното коло ќе се одиграат во саботните термини, другите два се на програмата во недела навечер.

Ждрепката посака уште во првото коло од новата сезона да играат новите прволигаши, од 18.часот, „Под Кале“, екипата на Вардар е домаќин на Охрид.

Во истото време, но во салата „26.април“ во Гевгелија одбраната на шампионската титула, МЗТ Скопје Аеродром ќе ја почне со мечот против екипата на Кожув.

„Аеродромци“ веќе одбранија еден трофеј, оној во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, па на Југот од Македонија ќе треба да ја потврдат формата во дуелот со доста изменетиот состав на Кожув. Особено во оној „странски дел“ во која шефот на стручниот штаб Александар Јончевски смета на некои нови играчи.

Мошне возбудливо се очекува да биде во недела навечер, од 18.часот, во салата „Младост“ во Гостивар, каде домашниот тим го пречекува битолски Пелистер.

Нешто подоцна, на 4 . октомври (среда), од 18.часот), својот прв натпревар во новата сезона ќе го одиграат екипите на ФМП Академија и Еуро Никел 2005.

Претходно, поради своите обврски во ФИБА натпреварувањата, своите натпревари од ова премиерно коло од новата натпреварувачка сезона ги одиграа и нашите евро-претставници, екипите на Работнички и на Феникс 2010.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

30. СЕПТЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Вардар - Охрид

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/i_j2zA4CHZc?si=YpJyTqMUOA23-Bsa

18.00: Кожув – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „26.април“ - Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RuCC-CPEwUY?si=HvcTykqYVGFMafgk

1. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Гостивар – Пелистер

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/LJxngRPVGK8?si=aquIrxO6rK15Vq6j

4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)

18.00: Академија ФМП – Еуро Никел 2005

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tCrwr15i9vE?si=UbkhPZE0kpDwTZlV

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ

Работнички – ТФТ 73:56

Чаир 2030 – Феникс 2010          93:72