11.02.2024

Скопските „црвено-бели“ славеа со минимални (92:91) против Еуро Никел 2005, но доволни за место погоре во поредокот

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: И Работнички го освои „Јасмин“, за второто место на табелата

Со натпреварот во кавадаречки „Јасмин“ во кој Работнички стигна до минимална победа против Еуро Никел 2005, затворено е 17. првенствено коло.

Наредното, поради паузата која ја носи настапот на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, наредното, 18.по ред, ќе се игра на 3. март.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – РАБОТНИЧКИ     91:92

За кратко време, кавадарчани ги загубија двете дерби средби против вечните ривали во мак-баскетот, и го испуштија првото место на табелата. А по вечерашната победа во Кавадарци, екипата на Работнички, со скор (13-4), се искачи на второто место на табелата со само еден бод заостанување зад МЗТ Скопје Аеродром (14-3).

Доста изедначено протекна дерби дуелот во Кавадарци. За тоа говори и податокот дека на полувремето Еуро Никел 2005 имаше минимално водство (49:47).

Иста беше разликата и на истекот на третиот период (74:72). А во оној последниот, на 3:40 минути пред крајот, Работнички имаше солидни (86:79). Но кавадарчани за кратко време ја достигнаа таа негатива. По тројката на Дубински, во последната минута, двете екипи беа во егал (88:88).

Следуваше реализација на Трајс за ново водство за гостинската екипа (90:88). Врањеш не успеа да донесе ново израмнување. Па истиот играч доби прилика на девет секунди пред крајот да донесе недостижна предност за Работнички. Застана на линијата за слободни фрлања... И ги реализираше двете за (92:88). Дубински постигна уште дена неверојатна тројка, за (91:92), но време за комплетен пресврт за Еуро Никел 2005, немаше.

Одличната изведба во „Јасмин“, Трај ја заокружи со дабл-дабл скор од 27.поени и 10. Асистенвии (плус и два скока), добри минути имаше и Декоузи кој го следеше со 21.поен, додека двоен број на поени – 18, и на скокови – 14 имаше највисокиот актер на мечот – Рикиќ.

Во екипата на Еуро Никел 2005, Смит Мексвејн постигна 29.поени, Дубински застана на 19. А двоцифрен број на поени имаше и другиот дел од првата петорка: Глигоријевиќ даде 16, Врањеш имаше 13, а Младеновиќ уште 11. реализации.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО

Еуро Никел 2005 – Работнички           79:84

Пелистер – Феникс 2010           71:67

Гостивар – ТФТ Моцарт  77:91

Кожув – Чаир 2030          70:84

Навико Академија ФМП – Вардар     80:74

МЗТ Скопје Аеродром – Охрид           81:68

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, Работнички 29, Еуро Никел 29, Пелистер 29, Чаир 2030 29, ТФТ Mоцарт 28, Феникс 2010 27, Гостивар 22, Академија ФМП 21, Охрид 20, Кожув 20, Вардар 20;

ИДНО КОЛО (02.03)

Чаир 2030 – Гостивар

Работнички – Навико Академија ФМП

Вардар – Кожув

ТФТ Моцарт – Пелистер

Огрид – Еуро Никел 2005

Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром