МЗТ Скопје немаше апсолутно никакви проблеми да запише уште еден првенствен триумф. Во овој момент, повратникот во друштвото на прволигашите, Струмица 2022 не е противник по мерка за првакот.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - СТРУМИЦА 2022 102:66
Помалку и очекувано, тренерот на „металците“ Александар Петровиќ се одлучи да направи „прераспределба на минутите“ по враќањето од репрезентативните играчи на дел од своите играчи. Многу малку играа Војдан Стојановски и Андреј Магдевски, нешто повеќе Адем Мекиќ и Дамјан Робев, додека воопшто во записникот не беше Бојан Крстевски.
Но и оваа „тактика“ не донесе никаков проблем за бранителот на титулата против повратникот во елитната конкуренција. Доста работи беа јасни по првите десет минути во кои аеродромци направија вишок од (32:19), кој до крајот на првото полувреме го удвоија.
Стигнаа до (61:38), па оние 20.минути од второто беа добра прилика за посилен тренинг на оние кои играа малку во изминатите десетина дена.
Мекиќ не делуваше „заморено“, собра 16.поени, Пандев имаше 15, по 12 имаа Робев и Мичовиќ, а Дамјан Стојановски дојде до 11. А во гостинската екипа, прво поентерско име, во отсуство на Стаменковиќ, очекувано, со 20. реализации, беше Крстајиќ. Добро издание на Волкановски со 14.поени, додека пак трет, и последен „двоцифрен“, беше Мамузиќ, кој заврши со десет поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 5.КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром - Струмица 2022 102:66
Еуро Никел 2005 – Кожув 79:61
Чаир 2030 – Феникс 2010 78:97
Навико Академија ФМП – Гостивар 83:93
Работнички – ТФТ 83:82
Куманово 2009 – Пелистер 78:81
ТАБЕЛА: Гостивар 10, МЗТ Скопје Аеродром 9, Феникс 2010 9, Пелистер 9, Еуро Никел 2005 8, ТФТ 7, Кожув 7, Чаир 2030 7, Куманово 6 Навико Академија 6, Работнички 6, Струмица 6;
ИДНО КОЛО (17/19/22.11)
ТФТ – Кожув (17.11)
Пелистер – Чаир 2030 (17.11)
Феникс 2010 – Еуро Никел 2005 (19.11)
Работнички – Навико Академија ФМП (19.11)
Гостивар – Струмица 2022 (19.11)
МЗТ Скопје Аеродром - Куманово 2009 (22.11)