05.11.2023

„Вардарци“ имаа серија од (12-2) во финишот на средбата, со која излегоа како победници против Навико Академија ФМП (102:91)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: И Вардар ги остави „лавовите“ без „плен“

Во првиот меч од неделната програма од 6.коло во Првата лига, одигран „Под Кале“, се судрија локалните скопски ривали Вардар и Навико Академија ФМП. Имаа домаќините серија од (12-2) во последните две-три мунути со која го скршија отпорот на екипата од Кисела Вода. 

ВАРДАР – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП          102:91

Максимално изедначен натпревар одиграа локалните скопски ривали „Под Кале“.

По пет минути игра, гостите од Кисела Вода поведоа со (14:7), но до крајот на првиот дел Вардар се „симна“ на (23:27). Уште во неколку наврати Навико Академија ФМП имаше плус 7, а по поентирањето на Иванов, во 13.минута, имаа и уште повисоки (38:29). Нешто подоцна и (41:32). Но „вардарци“ не дозволија таа разлика да премине и во двоцифрена.

Напротив, налик на првата четвртина, во финишот на втората, домашните кошаркари намалија на достижни (47:50).

Второто полувреме беше уште поизрамнето.

По нецели три минути, Лукановски му донесе и водство на Вардар, (56:54).  А Атанасов и Митков погодија за нешто повисоки (63:59). Но тој дел од играта сепак заврши со предност на гостинската екипа, (73:71).

Нерешено беше и на средина од последниот период (82:82), пред да тргне серијата, која се покажа како победничка за Вардар. Од (12-2) со која конечно се одвоија, на високи (94:84) кога до крајот останаа да се доиграат неполни три минути.

Митков реализираше 26. поени (и 11. скока), а Бајрам 22 за Вардар, каде, од стартерите Наков (плус девет.скока и шест асистенции)  и Атанасов додадоа по 18, а петтиот „двоцифрен“ беше новакот Пауел, кој стрелаше за 12.поени.

На другата страна, Брукс застана на дабл-дабл ефект од 25.поени и 10. скока (имаше и пет асистенции), Огундиран имаше 21, Нилд 18, а Петровски уште десет поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Вардар – Навико Академија ФМП     102:91

Чаир 2030 – Кожув           88:84

ТФТ Моцарт – Гостивар79:70

Охрид – МЗТ Скопје Аеродром          73:98

Работнички – Еуро Никел 2005           (во тек)

20.00: Феникс 2010 – Пелистер           0:0

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4qA4ieHsuq8?si=NfuItU8qBum4x596

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11, ТФТ Моцарт 11, Чаир 2030 11, Вардар 9, Еуро Никел 2005 8 (-1), Работнички 8 (-1), Пелистер 8 (-1), Феникс 2010 8 (-1), Гостивар 8, Охрид 7, Кожув 7, Навико Академија ФМП 6;

ИДНО КОЛО (11.11)

Гостивар – Чаир 2030

Н.Академија ФМП – Работнички

Кожув – Вардар

Пелистер – ТФТ Моцарт

Еуро Никел 2005 – Охрид

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010