01.03.2024

Во „ран термин“ од 13. часот, во сабота, следува дуелот на двете екипи кои се дел од АБА 2 лигата, ТФТ Моцарт го дочекува Пелистер

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Јадранско“ дерби во „Кале“

По паузата која ја „предизвика“ настапот на нашата сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, овој викенд продолжуваат натпреварите и во нашата елитна конкуренција.

На распоредот е 18. коло, кое со себе носи некои доста интересни натпревари.

Уште на стартот, во сабота од 13. часот, во СРЦ „Кале“ ќе тргнат возбудувањата. А ќе ги донесе мечот во кој се среќаваат два од нашите три претставници во АБА 2 лигата, ТФТ Моцарт и Пелистер (со директен пренос на МРТ3).

Екипи кои се стремат кон горните позиции на табелата, макар што во овој момент, екипата од Битола има една победа повеќе (скор 12-5), во однос на домашната (11-6). Што во секој случај носи дополнителна доза на неизвесност во овие 40.минути.

Нешто подоцна „Под Кале“ е предвидена уште една средба од овој круг на натпреварите. Ќе играат две екипи од долниот дел на табелата, Вардар и Кожув (двете со ефект 3-14), а го дочекуваат овој меч со сериозно променети ростери. Особено тоа се однесува за составот од Гевгелија, кој промени дури петмина кошаркари во ростерот во оваа пауза во шампионатот.

Од 18.часот, но на една поинаква скопска локација, во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, ќе играат Чаир 2030 (12-5) и Гостивар (5-12).

Саботната програма ќе биде затворена со натпреварот во салата „Билјанини извори“ во Охрид каде, од 19.часот, гостува кавадаречки Еуро Никел 2005 (12-5).

Два натпревари ќе се играат во неделните термини. И двата ќе  се играат во Скопје. Во првиот, во СЕЦ „Кале“, од 19.30 часот, ќе се сретнат второпласираниот тим на табелата, Работнички (13-4) и Навико Академија ФМП (4-13), додека пак половича час подоцна (20.00) во СЦ „Јане Сандански“ ќе играат двете „соседски“ екипи, Феникс 2010 (скор 10-7) и лидерот МЗТ Скопје Аеродром (14-3).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 18. КОЛО

2.МАРТ (САБОТА)

13.00: ТФТ Моцарт – Пелистер (МРТ3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/n8LHNl5D304?si=Eblcb1eYIwkPmaTN

16.00: Вардар – Кожув

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HEtL_DrPav4?si=9efUuf67pWbwyJhi

18.00: Чаир 2030 – Гостивар

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/sNzT2HrLGcA?si=7p_BHx8yVN2AOB51

19.00: Охрид – Еуро Никел 2005

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GHAjolr5Puc?si=yQ8u1cJ9sWtAhcOu

3.МАРТ (НЕДЕЛА)

19.30: Работнички – Навико Академија ФМП

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/t6DS54LTaLM?si=K8_MNS9aE9n6f8Dm

20.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FL2KfPBYm9Q?si=mUsh7bRJcznbhS7-

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31, Работнички 29, Еуро Никел 29, Пелистер 29, Чаир 2030 29, ТФТ Mоцарт 28, Феникс 2010 27, Гостивар 22, Академија ФМП 21, Охрид 20, Кожув 20, Вардар 20;