09.03.2024

Стигнаа до релативно лесен триумф против само мотивираниот Феникс 2010, во „Јасмин“ беа сигурни, (84:68)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кавадарчани им се вратија на победите

По релативно изедначеното прво полувреме, кавадарчани го „скршија“ Феникс 2010 во она второто...

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ФЕНИКС 2010     84:68

Оние плус пет од првите 20.минути (44:39), прво ги удвоија. По три четвртини Еуро Никле 2005 водеше со (66:56). А на почетокот на онаа последната , разликата беше уште поголема (76:63).

Доволна за кавадарчани да стават крај на една мини-серија на лоши резултати и да ја запишат 13.победа во 19.одиграни натпревари, која ги остава во првата „четворка“ во елитата, а пред финалните три рунди од регуларниот дел од сезоната.

До неа ги предводеа Смит Мексвејн со 22.поени, Соколов имаше 19, а Дубински уште 17.поени. Блиску до двоен ефект беше Глигоријевиќ, кој освен осум поени, како стартер имаше и десет скока.

За Феникс 2010 ова беше осмиот пораз во сезоната, кој ги остава на позицијата број 7, Метјус даде 19.поени, Трајковски додаде 13.  а Рис додаде уште 12.

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ Моцарт 78:56

Еуро Никел 2005 – Феникс 2010         84:68

Кожув - Навико Академија ФМП       (во тек)

Охрид – Работнички        (во тек)

Пелистер – Чаир 2030    (во тек)

19.00: Гостивар – Вардар

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Kq3WlFB9Ns0?si=0agnZuw5dzCzriiR

ТАБЕЛА: Работнички 32, МЗТ Скопје Аеродром 34, Еуро Никел 2005 32, Чаир 2030 31, Пелистер 30, ТФТ Mоцарт 31, Феникс 2010 30, Гостивар 23, Кожув 22, Охрид 22, Академија ФМП 22, Вардар 21;