Еден од најдобрите натпревари во досегашните десет кола одиграа екипите на Чаир 2030 и на Еуро Никел 2005.
Кавадарчани имаа предност, и тоа во поголем дел од натпреварот во полната сала „Шабан Трстена“ во Чаир.
Но чаирчани немаа намера да се предадат. Анулираа двоцифрен минус. Ама, кога требаше да го зададат последниот, решавачки удар, за комплетен пресврт, влегоа во серија на грешки, на крајот, асполутно заслужен триумф на кавадарчани, кои остануваат при врвот на табелата.
ЧАИР 2030 – ЕУРО НИКЕЛ 2005 92:96
Тренерот на екипата од Кавадарци, Атанас Манев, веруваше на оние стартни пет, ги „потроши“, и тоа многу, но беше убеден дека тие и ќе му донесат успех на ова и тоа како тешко гостување.
И се покажа како повеќе од добар потег, затоа што навистина Еуро Никел 2005 беше екипата која имаше контрола и над играта и на резултатот во доста голем временски радиус.
Имаа феноменална втора четвртина во која дојдоа до 35.поени, што им донесе комотна предност на големиот одмор. Имаа 50 поени, противникот заостануваше дури 14.
Навистина тие 15.минути им беа потребни на петмината кошаркари од Кавадарци. Добро го бранеа тоа стекнато водство. Макар што чаирчани, со поддршка на публиката во третиот период од играта, симнаа пет поени. Во онаа одлучувачката влегоа со едноцифрени, но за нив прифатливи, секако (72:63).
Во онаа максимално скратена ротација, епизодна улога одигра Младеновиќ (но без поентерски ефект). И беше прашање на време кога ќе доде „пад во играта“ на Еуро Никел 2005.
Се случи во тие завршни минути, во кои тимот од Чаир, предводен од убоитиот двоец Корбет-Мофит, не само што ја анулира убедливата негатива, туку и премина во водство. На 1:42 минута пред крајот, Мофит постави (87:86).
Но во навистина вистински момент, во играта на Еуро Никел 2005 освен Дубински, се „појави“ и Смит Мексвејн, кој имаше „мирна рака“ од линијата за слободни фрлања. Максимално ја искористија брзоплетоста на противникот во тие две решавачки, нецели, минути.
Промашуваа Мустафица, Мофит, казнуваа Дубински и Смит Мексвејн, за голема, и тоа како важна победа, седма за екипата од Кавадарци во сезоната.
Освен овие двајца (искомбинираа 53.поени), доминираше и Врањеш, кој претходно веќе имаше дабл-дабл од 22.поени и 10.скока, а „двоен“ во стартните пет беше и ветеранот Соколов (11.поени).
Безвредни, овојпат, останаа оние 38.поени који дојдоа од Мофит, и уште 28 од Корбет (плус и 11 скока), како и десетте на Мустафица (дополнети со исто толку скокови).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО
Чаир 2030 – Еуро Никел 2005 92:96
Работнички – Феникс 2010 79:87
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 61:96
ТФТ Моцарт – Охрид 93:75
Навико Академија ФМП – Пелистер 85:112
Кожув – Гостивар 102:67
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19, Пелистер 17, Еуро Никел 2005 17, Работнички 16, ТФТ Моцарт 16, Чаир 2030 16, Феникс 2010 16, Гостивар 14, Кожув 13, Вардар 13, Навико Академија ФМП 12, Охрид 11;
ИДНО КОЛО (09.12)
Гостивар – Работнички
Пелистер – Кожув
Еуро Никел 2005 – Вардар
Феникс 2010 – ТФТ Моцарт
МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП
Охрид – Чаир 2030
alaudinmustafa11@gmail.com
BcCair2030