05.11.2023

Во неизвесна завршница, Еуро Никел 2005 подобар од Работнички (74:70)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кавадарчани не му дадоа деби-победа на Самарџиев

Во натпреварот кој се играше без присуство на публика во СРЦ „Кале“, гостите од Кавадарци имаа предност и од 14.поени, кои за малку немаше да им бидат доволни против екипата која за прв пат во својата кратка тренерска кариера, ја предводеше кавадарчанецот Горан Самарџиев.

РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005     70:74

Далеку од добра беше играта во првото полувреме од овој натпревар во кој по 20.минути игра кавадарчани беа тие кои водеа, со (33:28).

Одлично во тоа прво полувреме, скромно според бројот на реализации, на двете страни, одигра Дубински. Бекот на Еуро Никел 2005 стигна до 13.поени (3/4 во шутот за три поени).

Кај Работнички за тие 20.минути, погодија сите пет стартери, но и онака „скратената клупа“, даде доста мал придонес (два поени на Бакоч).

Многу подобро се играше во нападот во продолжението на натпреварот во СРЦ „Кале“. Особено тоа се однесува за кошаркарите на Еуро Никел 2005, кој во 28.минута по двете по ред тројки на Врањеш дојде и до двоцифрена позитива (51:41).

Добро шутираа гостите во далечина во тој дел од играта, уште една даде Смит Мексвејн, потоа и Дубински (негова петта на натпреварот), за највисоки (57:43).

Но со серија од осум поени по ред, во само 90 секунди од почетокот на последната четвртина, Работнички ја врати резултатската неизвесност, намали на -5, (55:60). По тројката на Ефремовски, домашната екипа дојде и до негатива од два поени (70:72), во последната минута. По нереализираниот обид на Смит Мексвејн, шансата за натпреварот да го однесе и во евентулано  продолжение од пет минути, не ја искористи Трајс.

Казни, на другата страна, токму Смит Мексвејн, и му донесе голема, огромна победа на составот од Кавадарци, четвртта во шест кола.  

Ги предводеше Дубински со неговите пет (од 12.тимски) тројки и 23.поени, Смит Мексвејн заврши со 13 реализации, колку што имаше и Врањеш (скоро сите во второто полувреме), додека десет додаде и најискусниот во тимот, Соколов.

Кај Работнички, Трајс даде 17, Ефремовски 15.поени, премалку да се прекин серијата на неуспешни игри.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Работнички – Еуро Никел 2005           70:74

Вардар – Навико Академија ФМП     102:91

Чаир 2030 – Кожув           88:84

ТФТ Моцарт – Гостивар79:70

Охрид – МЗТ Скопје Аеродром          73:98

Феникс 2010 – Пелистер            (во тек)

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11, ТФТ Моцарт 11, Чаир 2030 11, Еуро Никел 2005 10, Вардар 9, Работнички 9, Пелистер 8, Феникс 2010 8, Гостивар 8, , Охрид 7, Кожув 7, Навико Академија ФМП 6;

ИДНО КОЛО (11.11)

Гостивар – Чаир 2030

Н.Академија ФМП – Работнички

Кожув – Вардар

Пелистер – ТФТ Моцарт

Еуро Никел 2005 – Охрид

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010