14.10.2022

Одговор ќе даде вечерашниот дуел во Битола закажан за 18.30 часот...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кој прв ќе го „поправи впечатокот“, Пелистер или Работнички?

Вториот наш претставник во АБА 2 лигата, екипата на Пелистер, која исто така ќе биде дел од првиот „балон“ во јадранското натпреварување (17-21. октомври на Златибор), својот натпревар од второто првенствено коло ќе го игра вечерва. 

Од 18.30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола гостува Работнички.

„Имавме турбулентно лето и сличен почеток на сезоната со доста повреди и промени, но тоа е што е. Бевме подготвени на почетокот, но трите повреди кои ни се случија ни донесоа отсуство на клучни играчи во ротацијата и во првата петорка“ - вели еден од најискусните во тимот од Битола, Димитар Караџовски.

Вели дека ситуацијата е малку подобра во пресрет на вечерашниот натпревар против нашиот најтрофеен клуб.

„Се подготвуваме и генерално знаеме што е екипата на Работнички. Се надевам на прва победа и да тргне работата.. Ќе биде потешко, но мислам дека секој ќе помогне, ќе дададе максимум и дека ќе го надминеме овој период пред да дојде ново засилување“ - дополнува Караџовски.

Пораз на почетокот на сезоната имаа и „црвено-белите“, против младиот состав на Феникс 2010, па гостувањето во Битола ќе биде нова можност за тимот кој одново го предводи Димитар Мираковски да запише прв успех во новата сезона.

Останатите натпревари ќе се одиграат за време на викендот, со исклучок на дуелот во Скопје, каде бранителот на трофејот, го пречекува Гостивар. Таа средба, поради обврските на „сино-белите“ во АБА лигата (дуел против Будуќност, во сабота навечер), ќе се одигра на 18. октомври (вторник) од 19.часот.

Во саботните термини, од 17. часот, екипата на Феникс 2010 е домаќин на Навико Академија ФМП, додека еден час подоцна следуваат уште два натпревари. Во Гевгелија, Кожув е домаќин на Струмица, додека пак во Кавадарци, Еуро Никел 2005 го пречекува Куманово.

Синоќа, екипата на ТФТ во неизвесен дуел го совлада Чаир 2030 (87:83) и стигна до првата победа во новата сезона.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.30: Пелистер – Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

СТРИМ: https://youtu.be/N_VwqUYLkdo

15.ОКТОМВРИ (САБОТА)

17.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

СТРИМ: https://youtu.be/TMVq6isHkWE

18.00: Кожув – Струмица 2022

Сала „26.април“ – Гевгелија

СТРИМ: https://youtu.be/cqiMPufoPNE

18.00: Еуро Никел 2005 – Куманово 2009

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

СТРИМ: https://youtu.be/-NVR8q0r6Yw

18. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

СТРИМ: https://youtu.be/tj_yqdcwCP0

ПРЕТХОДНО ОДИГРАН НАТПРЕВАР:

Чаир 2030 – ТФТ    83:87