Висок, убедлив триумф за гевгеличани во струмички Парк“. Дури и полесно од очекувањата, гевгеличани стигнаа до втората победа во серија
СТРУМИЦА 2022 – КОЖУВ 53:104
Две „силни четвртини“ во кои реализираа по 31 поен им беа доволни на кошакарите на Кожув да слават на гостувањето во струмички „Парк“.
Евидентно е дека домашната екипа неmа квалитет за да им парира на другите прволигаши, овие 40.минути беа доказ плус дека изгледот на табелата „не лаже“.
Од друга страна ова беше втор по ред триумф за Кожув во 2023 година, а прв за Александар Јончевски како нов-стар шеф на струката во прволигашот од Гевгелија.
Егал игра имаше само во втората четвртина, но не и во преостанатиот дел од овој нерамноправен меч во Струмица по кој Кожув исчекори напред во трката за осмото место, последното кое води во плеј-офот. А му го остави „фенерот“ на тимот од Струмица кој останува на оние две победи.
Моменти кои ги искористи најдобриот стрелец во лигата Мајрон Гордон да го наполни кошот на противникот. Изброја до 28, за исто толку минути на теренот, Јузбашиќ даде 11, а по десет поени, со мала „потрошувачка“ имаа и Ризвиќ, Братож, односно Штерјов.
Вообичаено, кога станува збор за играта на Струмица 2022 во оваа сезона, Стефан Крстајиќ, прв на листата на стрелци, сега со 20.поени. Од останатите, Кортез запре на 13, а Мамузиќ на 11.реализации.