Во последните два натпревари од седмото коло, сигурни победи за екипите кпи важат како фаворити, Кожув и Работнички...
КОЖУВ – ВАРДАР 78:57
Веројатно најдоброто прво полувреме за екипата од Гевгелија од почетокот на сезоната. Го одиграа гевгеличани особено ефикасно, но беа максимално добри и во одбраната.
На „вардарци“ им дозволија да реализираат само 28. поени, од кои девет беа во првата четвртина. Сосема доволно за Кожув да има повеќе од убедливи (45:28) по 20.минути игра, а двоецот Хукиќ и Кришнан реализираа скоро колку комплетниот состав на гостите – вкупно 26. поени (по 13 двајцата).
Второто полувреме се оддолжи повеќе од потребното време, од причина што во последната делница, се случи дефект на семафорот во салата „26.април“. А откако проблемот беше надминат, играта продолжи, но без некои особени промени.
Кожув стигна до вториот триумф во седум одиграни кола, предводен од Кришнан кој реализираше 21.поен, Хукиќ кој имапе 15, и пандеев, кој собра 12.поени и 5.скока.
Во гостинската екипа. Американецот Пауел реализираше 17.поени, Митков даде 14, а Атанасов имаше 11. реализации.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ 68:98
Прва победа запиша екипата на Работнички под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Горан Самарџиев. И иако играа на гостински терен, во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, немаа тешка задача. Пред себе за противник го имаа „фенерџијата“ во лигата Навико Академија ФМП, екипата без победа во првите шест, а сега останаа без успех и во седмиот меч.
Освен воведните минути во кои играта беше и изедначена, се друго беше на страна на гостинската екипа. Имаа плус од три поени кошаркарите на Работнички (24:21), по првите десет минути.
Но оние наредни десет, ги одиграа одлично. Направија извонредни (26-5), за на полувремето да ги тргнат најголем дел од дилемите околу победникот.
Водеа со (50:26)...
Во продолжението, одново изедначен скор, барем според бројот на реализациите на двете страни, но остана и онаа голема предност за „црвено-белите“ (77:54).
Комплетната прва петорка на Работнички имаше десет и повеќе поени. Најмногу, 23 беа дело на репрезентативецот Ѓурпск, Трајс имаше 19, Рикиќ 15, а Стајиќ одличен двоен ефект од 11. поени и исто толку успешни додавања.
За тимот од Кисела вода, најголем дел од поените ги реализираа Петровски, Брукс и Огундиран.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО
Навико Академија ФМП – Работнички 68:98
Кожув – Вардар 78:57
Пелистер – ТФТ Моцарт 87:70
Гостивар – Чаир 2030 89:84
Еуро Никел 2005 – Охрид 100:59
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 73:64
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13, Еуро Никел 2005 12, Пелистер 12, Чаир 2030 12, ТФТ Моцарт 12, Работнички 11, Феникс 2010 10, Гостивар 10, Вардар 10, Кожув 9, Охрид 8, Навико Академија ФМП 7;
ИДНО КОЛО (18.11)
Навико Академија ФМП – Кожув
Чаир 2030 – Пелистер
Работнички – Охрид
ТФТ Моцарт – МЗТ Скопје Аеродром
Феникс 2010 – Еуро Никел 2005
Вардар - Гостивар