22.01.2022

Денеска продолжува натпреварувањето во Првата  лига, со дуелите од 13. коло.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кожув најактивен зимава, три екипи „пасивни“

ФОТО: Кирил Николовски се врати во добро позната средина - Еуро Никел 2005

Екипите од елитната дивизија беа на едномесечен одмор, а во овој период имаа можност да направат ревизија на екипите и, евентуално, да се засилат. Преодниот рок во првенството трае до почетокот на Суперлигата што значи дека и натаму има простор за корекција, но многу прволигаши претрпеа измени во овие четири недели.

Најбурно беше во редовите на Кожув кој пред новогодишните празници доби нова управа, а потоа претрпе многу измени во играчкиот состав. Си заминаа шест, а дојдоа четворица кошаркари со тоа што гевгелискиот тим е единствен кој доживеа и тренерска смена затоа што Перо Блажевски го наследи Павле Николов.

Исклучително непријатна е ситуацијата во Работнички од каде досега заминаа тројца кошаркари меѓу кои двајца странци, а останатите двајца се на излезна врата. Најтрофејниот тим не успеа да се засили, ни да најде замена за заминатите, па ако нешто не се смени, со актуелниот играчки кадар ќе се бори за пласман во Суперлигата.

ФОТО: Бојан Трајковски се реши да ја продолжи карирата во Феникс 2010

Гостивар, МЗТ Скопје УБ и Навико Академика ФМП немаат никакви промени и во вториот дел од сезоната ќе играат со истите состави. Блиску до такво нешто беше и шампионот МЗТ Скопје, но на два дена пред продолжението од сезоната, Аеродром го напушти Дастин Вер за кого наскоро сигурно ќе има замена. Интересна е ситуација во „фенерџијата“ Ангели кој донесе четворица нови играчи во обид да се тргне од дното и да се обиде да обезбеди опстанок.

РАБОТНИЧКИ

Дојдоа: /

Заминаа: Недим Мустафица (Искра Свит – Словачка), Пол Џексон (Зјелона Гора – Полска), Јован Александровски (Чаир 2030)

ПЕЛИСТЕР

Дојдоа: Предраг Пајиќ (Кожув)

Заминаа: Бојан Трајковски (Феникс)

КУМАНОВО 2009

Дојдоа: Александар Андрејевиќ (Хуеска – Шпанија)

Заминаа: Срѓан Лаловиќ (???)

КОЖУВ

Дојдоа: Александар Штерјов (Еуро Никел), Тревон Бродвеј (ТФТ), Елџеј Каухерд (САД), Мајлс Томпсон (САД)

Заминаа: Кирил Николовски (Еуро Никел), Марко Симоновски (Хејат – Иран), Предраг Пајиќ (Пелистер), Чаз Вилијамс (Мориен – Франција), Еди Синадиновиќ (Храдец – Чешка), Влатко Граниќ (Черноморец – Бугарија)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Дојдоа: /

Заминаа: Дастин Вер (Шалон Ремс)

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Дојдоа: /

Заминаа: /

ЕУРО НИКЕЛ 2005

Дојдоа: Кирил Николовски (Кожув)

Заминаа: Александар Штерјов (Кожув), Милан Милков (Ангели)

 

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА

Дојдоа: /

Заминаа: /

ГОСТИВАР

Дојдоа: /

Заминаа: /

ТФТ

Дојдоа: Џермејн Бишоп (Индиос де Мајагес – Порторико), Мајк Нвазабур (САД)

Заминаа: Еј Џеј Џон (САД), Тревон Бродвеј (Кожув)

ФЕНИКС 2010

Дојдоа: Бојан Трајковски (Пелистер)

Заминаа: Дејвид Онуорах (???), Елвис Хот (крај на кариера)

АНГЕЛИ

Дојдоа: Милан Милков (Еуро Никел), Душан Бубања (???), Стефан Мрџан (???), Грифин Раме (САД)

Заминаа: /