22.04.2023

Екипата од Гевгелија одигра скоро перфектен меч во СРЦ „Кале“ за убедлива победа над Работнички (86:58)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кожув покажа дека може и повеќе од осмото место на табелата

Кожув го одигра веројатно и својот најдобар натпревар на гостински терен, макар и на крајот на првиот, регуларен дел од сезоната. Во СРЦ „Кале“, против Работнички, гевгеличани најавија дека сакаат и нешто повеќе од осмото место на табелата, кое за ривал во четвртфиналето им го носи бранителот на титулата-МЗТ Скопје Аеродром.

РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ  58:86

Го најавија тоа избраниците на тренерот Александар Јончевски уште во првата четвртина која ја решија во своја корист, а ја потврдија и со продолжување на добрата игра и во втората.

На полувремето, Кожув имаше изненадувачки, но само за оние кои не го гледаа мечот, и заслужени (42:30).

Но не се задоволија со тоа, гостите имаа и плус од точно 20. поени (50:30), во воведните минути од третата четвртина. А ја завршија со недостижна позитива (68:45).

Ако се исклучи ефектот на искусниот Штерјов, другите четири стартери на Кожув одработија одлично. Братож ги предводеше поентерски, реализираше 21.поен, Гордон броеше до 17, Ризвиќ имаше 14, а Главчев уште десет поени за тимот од Гевгелија кој го заврши овој дел од сезоната со скор од десет победи во 22. одиграни натпревари.

Работнички и дефинитивно останува на позицијата 5, онаа која за ривал во четвртфиналето на плеј-офот, им го носи четврттопласираниот Гостивар.

На овој меч кој „црвено-белите“ треба што побрзо да го заборават, Умпиг даде 16, а Малешевиќ уште 11. поени.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 22.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер     95:93

Работнички – Кожув        58:86

Навико Академија ФМП – Еуро Никел 2005   76:87

ТФТ Mozzart – Куманово 2009 107:70

Гостивар – Феникс 2010 98:74

23. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

17.00: Струмица 2022 – Чаир 2030

Сала „Парк“ - Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W7dLJ5Edn3Q?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром (20-2), Пелистер (17-5), ТФТ Моzzart (15-7), Гостивар (15-7), Работнички (13-9), Феникс 2010 (11-11), Еуро Никел 2005 (12-10), Кожув (10-12), Чаир 2030 (6-15), Навико Академија ФМП (5-17), Куманово 2009 (5-17), Струмица 2022 (2-19);