04.10.2021

Едно полувреме, она второто, беше доволно за победа над дебитантот во првата лига, екипата на Ангели (73:64)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кумановци ги „смирија“ Ангели во второто полувреме

Екипата на Куманово 2009 дојде до првиот првенствен триумф во новата сезона. По рамноправното прво полувреме, „сино-белите“ одиграа подобро во второто во кое го скршија отпорот на екипата дебитант во првата лига.

КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ      73:64

Одличен отпор пружија кошаркарите на Ангели на својот премирен настап во друштвото на најдобрите. Особено тоа се однесува на првото полувреме во кое одиграа егал 20.минути во кои само нијанси одлучија Куманово 2009 да се стекне со една минимална предност од (36:34).

Се чини дека пресудија третите десет минути од играта во кои фаворитот конечно успеа да с еодвои на една посигурна разлика. По три одиграни четвртини кумановскиот прволигаш поведе со (56:48).

Водство по кое со сигурна игра во последниот квартал, домаќините стигнаа и до планираните бодови.

А во не баш многу ефикасното издание, Холмс даде 16, Кејлеб имаше 14, Каплановиќ заврши со 13, а Зивчевиќ со 10.поени за Куманово 2009.

Во гостинската екипа, странскиот „трилинг“ Васар, Шумбри и Мандерсон комплетираше 45.поени, кои со 11. поени ги дополни Крстевски.