14.03.2023

Едно добро полувреме,oна второто, беше доволно за бранителот на титулата да дојде до планиран триумф (88:68).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Кумановци се бранеа едно полувреме

Иако важат како екипа од долниот дел од табелата, кошаркарите на Куманово 2009 му дадоа жесток отпор на првакот и освојувачот на Купот. Особено тоа се однесува на првиот дел од играта.

КУМАНОВО 2009 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ        68:88

Оној во кој кумановските „сино-бели“ имаа водство, и тоа скоро постојано во првото полувреме.

Највисокото (24:19) во деветтата минута. На истекот на првиот период, нешто пониски (27:23). На почетокот на втората четвртина и (28:23).

Фаворитот стигна до израмнување со мини-серија од пет поени (28:28), реализирана во две минути. Но кумановци се одбранија од тој краток налет на „металците“. Одново се одвоија, сега и на шест поени „вишок“ (34:28), во 16 минута. Предноста, макар и минимална, домаќините ја држеа до крајот на полувремето (41:40).

По паузата МЗТ Скопје заигра како што тоа од него се очекува, барем во домашни рамки. Во нецели шест минути игра во третата четвртина аеродромци се одвоија на позитива од девет поени (59:50), ја задржаа и до истекот на тој дел од играта (68:58).

А со серија од десет неодговорени поени, гостите од Скопје направија уште повисоки, и недостижни (78:58). Повеќе од пет минути кошаркарите на Куманово не успеаја да го пронајдат патото до кошот на противникот кој заигра многу посериозно во одбраната, и мирно го прврши кон крајот овој меч во кој ги освоија планираните бодови кои ги оставаат „сино-белите“ на лидерското рмедто на табелчата (скор 15-2).

Кумановци пка остануваа на четири победи, и извесно, голема битка за опстанок во друштвото на најдобрите.    

А пет играчи во гостинската екипа имаа двоицфрен број на реализации. Ги предводеше Кук стрелец на 17 поени, 14 имаше капитенот Дамјан Стојановски, Абу 12, а по 11 имаа уште и Крстевски односно Војдан Стојановски.

Во составот на Куманово пак, далеку најрасположен во поентирањето беше Марјановиќ кој запиша 21.поен, а Глигоријевиќ имаше уште 11.

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром    68:88

Кожув – ТФТ Мozzart      82:72

Еуро Никел 2005 – Феникс 2010         78:69

Навико Академија ФМП – Работнички        77:90

Струмица 2022 – Гостивар        72:79

15. МАРТ (СРЕДА):

18.00: Чаир 2030 - Пелистер

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8Oh0GzE19Lw?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 32, Пелистер 29 (-1), Еуро Никел 2005 28, Гостивар 28, ТФТ Mozzart 28, Феникс 2010 27, Работнички 26, Кожув 24, Куманово 2009 21, Чаир 2030 19 (-1), Навико Академија ФМП 20, Струмица 2022 19;