09.04.2023

Кумановските „сино-бели“ ги надминаа сите проблеми, и го добија „дербито на дното“ со резултат (89:82)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Куманово им го остави „фенерот“ на струмичани

Кошаркарите на Куманово 2009 стигнаа до доста важна победа во дуелот на двете најзагрозени екипи во домашниот шампионат.

КУМАНОВО 2009 – СТРУМИЦА 2022 89:82

Во дербито на дното во Куманово, многу подобар почеток на домашната екипа. Предводени од расположениот Зивчевиќ (реализираше десет поени), кумановци се стекна со солидно водство (30:24), по првата четвртина.

Впрочем сите пет играчи кои го почнаа натпреварот се запишаа во листата на стрелците, а тоа беше добар знак за тренерот Игор Ѓорѓиевски.

Но струмичани заиграа доста поефикасно во вториот период. И веќе по пет минути успеаја да го стигнат водството на противникот. Обиквели го реализираше својот десетти поен, за егал-резлтат (38:38). А две минути подоцна, дури и преминаа во водство (42:40). Но за кратко, го „поништи“ Марјановиќ, кој постави четири четворки на семафорот.

Нерешено беше и на полувремето (46:46).

А нерешено беше и по шест минути играње во третиот период (57:57). Пред Куманово 2009, во неполни две минути, преку Зивчевиќ (тројка) и Рајт, да се одвои на (62:57). Само како вовед во серија (15-0) која ги донесе домаќините на уште повисоки (72:57), за тој трет дел заврши со високи (73:60) за Куманово 2009.   

Водеа кумановци и со (79:66), пред да тргне серијата на Струмица 2022 од (8-0) по која гостите се доближија на (74:79), а останаа три и пол минути до крајот. Но „сино-белите“ најдоа начин да се одбранат од тој, се чини последен напад на гостите. Ја прекина, Глигоријевиќ, поентираа и Зивчевиќ и Марјановиќ за одвојување на (85:77).   

Доволно за победа, која ги остава надежите на екипата од Куманово дека во Плеј-аут лигата може да го избегнат најлошото-преселбата во понискиот ранг на натпреварување.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21.КОЛО

Куманово 2009 – Струмица 2022       89:82

Еуро Никел 2005 – Работнички 75:80

Пелистер – ТФТ Мozzart 92:69

Кожув – Гостивар 94:87

21.00: Чаир 2030 – Навико Академија ФМП

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tZffEKo4wh8?feature=share

10.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ry_Z19mJUEk?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 38 (-1), Пелистер 38, ТФТ Mozzart 35, Гостивар 35, Работнички 34, Еуро Никел 32, Феникс 2010 31 (-1), Кожув 30, Куманово 2009 26, Навико Академија ФМП 25 (-1), Чаир 2030 24 (-1), Струмица 2022 23;