27.11.2022

Изненадувачки, кумановци најавија излез од кризата, со победа над досега непоразените гостиварци, со сигурни (82:70).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Куманово стави крај на серијата на Гостивар

ФОТО-Кумановски муабети - Марјан Јанески имаше свои минути против Гостивар

И вечерва, екипата на Куманово покажа дека е посилна од сите проблеми, и дојде до помалку изненадувачки резултат, победа против екипата која досега имаше максимален ефект, сите шест победи.

КУМАНОВО 2009 – ГОСТИВАР 82:70

Тимот на Владимир Мирковски е прв кој оваа сезона го совлада Гостивар, во натпревар , кој дефинитивно беше и најлош за лидерот на табелата во оваа сезона.

Секако, голем придонес за тоа дадоа домашните кошаркари кои буквално се надминаа себеси, макар што почетокот не најаваи таков епилог во Куманово.

На крајот од првата четвртина гостите поведоа со (23:17).

Нотоа беше се од нив на овој натпревар. На стартот од втората четвртина Куманово направи серија од 16-0 и поведе со двоцифрени (37:25). Гостите одговорија, се доближија на четири поени негатива, но уште една мини серија од шест поени го однесе Куманово оа плус 10 (45:35) на полувремето.

Во финишот од третата четвртина Куманово ја достигна највисоката предност,  (62:43), но работата, сепак, не беше целосно завршена.

Својот најдобар период, Гостивар го имаше на крајот од третиот и почетокот од последната четвртина, за серија од (16-2) со која се доближи на само пет поени разлика (59:64), а нешто подоцна и на четири (61:65).

 Ален постигна тројка кога беше најпотребно, но победникот се решаваше во последните две минути. Куманово водеше со 72:66, Ален зголеми на недостижни (74:66).

Искусниот Јанески беше најдобар играч, против својот довчерашен клуб, постигна 22 поена, а имаше и девет скока.

Лувејн Пипкинс го предводеше Гостивар со 15 поени и 10 скока.

КОЖУВ – ФЕНИКС 2010  97:89

Екипата на Кожув ја оствари третата победа во сезоната, на домашен терен славеше во дуелот со Феникс 2010.

Гевгеличани добија два странски засилувања,  и веднаш, беа меѓу најзаслужните за новиот триумф.

Од друга страна, Феникс 2010 неодамна се раздели со најдобриот играч, неговата замена одигра одлично, но не го одведе тимот до победа.

Победникот на натпреварот во гевгелија практично беше решен во последните 80 секунди.

Прво, Фалден го донесе Феникс 2010 на само еден поен негатива (85:86). Но домаќините влегоа во мини серија од шест поени, за високи (92:85).

Во финишот, Феникс не успеа да ја достигне негативата и Кожув се израдува на новата победа.

Ризвиќ со 29 и Гордон со 28 поени беа најдобри поединци кај Кожув, а новиот играч Јузбашиќ додаде 15, ( за 16. Минути во игра).

Бојан Трајковски го предводеше Феникс 2010 со 28 поени и 9 скока, додека новакот Такер заврши со слични бројки (20 поени и 8 скока).

СТРУМИЦА 2022 – РАБОТНИЧКИ       84:92

По четири порази по ред на стартот на првенството, сега, по успехот во Струмица, Работнички е во серија од три победи во Првата лига.

По ТФТ и Навико Академија ФМП, тимот од „Градски парк“ ја победи и Струмица, но, извесно е, добро се намачи за да дојде до нов триумф. Домаќините не само што беа рамноправен, туку на периоди и подобар противник (имаа и плус од десет поени).

Но струмичани не ги издржаа последните осум минути во кои Работнички дојде до победата.

Во само пет минути, гостите направија (14-1) за водство ( 87:75) што за Струмица беше недостижно во финишот од мечот.

Повторно Форте беше „моторот“ на Работнички. Направи двоен ефект од 23. поени и 10. Скока, додека кај Струмица, Крстајиќ реализираше 22, а Стаменковиќ 21 поен, дополнети со 11 скока.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

Кожув – Феникс 2010     97:89

Струмица 2022 – Работнички  84:92

Куманово 2009 – Гостивар        82:70

28.НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Навико Академија ФМП – ТФТ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/s9rasVyzG6A

29.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030

Спортски центар „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/3xEOn96Kw0I

1.ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/-HgaNacxzdk