31.10.2020

По втор пат во рок од неколку дена, „сино-белите“ подобри од дебитантот во Првата лига (83:82)

Прва лига-мажи: Куманово знае како со ТФТ, по кумановско „сценарио“ до победа во Скопје!

По балканската, кошаркарите на Куманово ја добија и македонската пресметка против екипата на ТФТ.

Сега на гостински терен, во Скопје, каде составот кој го предводи тренерот Владимир Мирковски делуваше уште посигурно во однос на мечот одигран во Куманово

ТФТ – Куманово    82:83

Првото полувреме, особено втората четвртина помина во доминаја на гостите од Куманово. По минималното водство на истекот на 10.минута (18:17), „сино-белите“ притиснаа уште повеќе во втората. На противникот му дозволија да реализира само 12.поени. По 18.минути игра имаа плус од десет поени (39:29), додека на одмор се стекнаа со уште повисоа позитива од 14.поени (47:33)

Креатори на таа двоцифрена предност беа Андрејевиќ и Глогоријевќ кои уфрлија по десет поени, додека Стојановски имаше девет. На спротивната страна од теренот се издвои трилингот Андерсон-Шелман-Николов кои собраа 31, од вкупно 33 поени за ТФТ (другите два ги постигна Херис).

Не се променија премногу работите во второто полувреме. Кумановци упорно ја одржуваа високата предност. Во 24.минута имаа уште поголеми (54:38).

Двете екипи направија голем број на грешки, но Куманово се „покри“ со подобриот процент на реализација во шутот од поле (62%), и за три поени (37%), што не беше случај на другата страна од игралиштето во СРЦ „Кале“.

По 30.минути од втората пресметка помеѓу овие две екипи за неколку дена (првата во БИБЛ лигата), Куманово имаше плус 10, (65:55).

Не се опоравија домашните кошаркари од таа двоцифрена негатива. За тразлика од првото полувреме во кое во „преден план“ беше стартната петорка, во вториот, најмладиот на теренот Митревски, заедно со Амир Смит помогнаа од клупата.

Стигнаа домашните и на еден поен негатива, (80:81) по тројките на Митревски и Херис. Но тоа не беше доволно за комплетен „камбек“ во првиот официјален прволигашки меч на ТФТ во кратката историја на постоењето. Марковски беше мирен од линијата за слободни фрлања, за (83:80), а Митревски стави точка на вториот меч помеѓу нашите два претставници на Балканот во оваа сезона.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

ТФТ – Куманово     82:83

Академија ФМП – Гостивар    84:75

НЕДЕЛА:

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел 2005

18.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)

Вардар – Црн Дрим Грин Мобил        одложено

Кожув – Пелистер одложено