07.12.2023

Екипата на Навико Академија ФМП му зададе сериозни проблеми на МЗТ Скопје, за тешка победа (79:72) на бранителот на титулата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Квалитетот на Војдан Стојановски му донесе уште една победа на шампионот

Во првиот меч од 11.коло, екипата на МЗТ Скопје Аеродром стигна до планирана победа против Навико Академија ФМП. Но до неа дојдоа благодарение на „сувиот квалитет“ кој го поседува Војдан Стојановски, и искуството на играње на „сино-белите“ на оние таканаречени „егал завршници“.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП           79:72

Очекувано, бранителот на титулата имаше доста подобар почеток во овој прв ме од 11. коло. Во првата четвртина „сино-белите“ се одвоија на пристојни (19:10).

Но не продолжија во исто темпо и во оној период кој следуваше. Гостите како да го тргнаа оној респект кон противникот, а кој беше видлив во нивната игра во тие десет минути. Одиграа егал во тие втори десет минути, (16:16).

Но недоволно за да ја симнат почетната предност на МЗТ Скопје, кој на полувреме имаше солидни (35:26).  

Но во 26.минута, резултатот беше (47:45), минимално водство за фаворитот. А по поентирањето, односно тројката на Огундиран (негов 19.поен), Навико Академија ФМП дури и поведе, со минимални (48:47).

Знак дека тренерот на домашната екипа мора да отстапи од првишната цел, да им даде нешто поголем одмор на стартерите, во прв ред браќата Стојановски.

До истекот на третиот период, „металците“ сепак се стекнаа со нова предност, имаа плус 5, (56:51). Но тој најдобар дел од играта гостите го заокружија со дури 32. реализации, доволно да бидат во егал со шампионот, (58:58).

Нерешено беше (65:65), и по пет минути играње во четвртата четвртина. Но само до моментот кога В. Стојановски „спои“ пет поени, за (70:65). Гостире најдоа одговор, и се изборија за уште едне нерешен скор (72:72). Но уште еднаш, кога требаше, погоди, и тоа тројка, В. Стојановски, во следниот напад, истото го повторни и Баковиќ, доволно за д го однесат својот тим во оние „мирни води“, односно недостиѓни (78:72).

Иако одигра нецели 17.минути, Војдан Стојановски дојде до 21.поен (6/7 во шутот од поле и 6/6 од линијата за слободни фрлања). Од ние кои вечерва беа стартери во тимот на МЗТ Скопје, Баковиќ реализираше 15, Ворку пак 13. поени, од другите, Расел имаше уште 12.

На другата страна пак, Огундиран беше далеку најрасположен играч. Постигна 29.поени, Сантана даде 11, а Петровски уште десет поени.

Крајот на првиот дел од првата фаза на првенството. првакот го дочекува со скор (10-1), додека Навико Академија ФМП има (2-9).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП           79:72

9. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Гостивар – Работнички (МРТ3)

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MBR7lw0_4RA?si=IMxkbCsKUSXRucMa

18.00: Охрид – Чаир 2030

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/LVStmni8AEU?si=IlBbIO5L1OupoP-V

19.00: Пелистер – Кожув

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/BizH3I2Vx3g?si=AVa-Vq9FEh9fd3uI

10. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Вардар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/o9x8YBYc7N0?si=Yywbc-cCXaF3Mvat

20.00: Феникс 2010 – ТФТ Моцарт

Мала сала на СЦ „ЈАне Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VNT15tD662U?si=HXe776esQP6DPCMO

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21, Пелистер 17, Еуро Никел 2005 17, Работнички 16, ТФТ Моцарт 16, Чаир 2030 16, Феникс 2010 16, Гостивар 14, Кожув 13, Вардар 13, Навико Академија ФМП 12, Охрид 12;