24.12.2023

Во доста ефикасен натпревар, Навико Академија ФМП го победи новиот прволигаш (96:88), и „побегна“ од последното место на табелата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Лавовите“ му го оставија „фенерот“ на Охрид

Два натпревари се одиграа(т) вечерва во втората „вечер“ од 13.првенствено коло. Во првиот, екипата на Навико Академија ФМП излезе како победник против Охрид.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ОХРИД            96:88

Екипата од Охрид имаше далеку подобар почеток на натптеварот. Го отворија со двоцифрена предност (21:11) која ја стекнаа за нешто повеќе од шест минути. Блескаше новакот Димовски, кој запиша дури 13. поени во тој прв сегмент. Но до крајот на првиот период, домаќините успеаја да фатат резултатски приклучок.

Дојдоа на минус од два поени (25:27).

Во такво темпо и продолжија во втората четвртина, дури и посилно. Не само што го свртеа резултатот во своја корист, туку до истекот на првото полувреме имаа двоцифрено водство од (56:44). Но го „потрошија“ по одморот, во кој охридскиот тим доминираше, особено во фазата на нападот, дојде на негатива од само еден поен (71:70), односно еден повеќе, по реализацијата на слободното фрлање на Нилд (70:72), по 30.минути од играта во салата „Независна Македонија“.

Во оние првите од последната, Навико Академија ФМП однво се одвои на десет поени вишок. По две и пол минути, и серијата од 10-2), домашната екипа водеше со (82:72). Охридскиот прволигаш не дигна „бело знаме“. Напротив, ја преполови таа негатива. Дојдоа гостите и до (83:88) на 3:50 минути пред крајот. Но се чини дека останаа без потребната енергија за да дојдат до нешто повеќе на гостувањето во Скопје по кое остануваат на последното место на табелата со две победи.

Навико Академија сега има една повеќе, три, со кои се израмни со скорот на Вардар. А до оваа победа има комплетната стартна петорка на тренерот Љупчо Малинков.

Ја предводеше еден од најдобрите ол-раунд играчи во лигата во оваа полусезона, Омотао Огундиран, кој направи трипл-дабл.

На 18.поени, допиша и 11. скока и 10.асистенции. Листата на најдобри стрелци сепак ја предводеше Брукс, постигна 26.поено (и осум скока и три асистенции), Сантана ги испрати со исто така високи 18.поени (и осум скока) Иванов додаде 12, а Нилд уште 11. поени.

Во гостинската екипа, Димовски застана на 23.поени, Лајонс имаше дабл-дабл скор од 19.поени и 13.скока, а солидно беше и  изданието на Бернард, кој освен 16.поени, имаше и 8.асистенции и 7.скока.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

Навико Академија ФМП – Охрид       96:88

Чаир 2030 – ТФТ Моцарт           (во тек)

Кожув – Еуро Никел 2005         81:86

Вардар – Феникс 2010   89:104

26. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/OWSIugI7fA4?si=WycYqZslDnKT5cDT

27.ДЕКЕМВРИ (СРЕДА)

18.00: Работнички – Пелистер

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8oVxQiRn3Po?si=CXFzTmQeA79DUPLe

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 23, МЗТ Скопје Аеродром 23 (-1), Пелистер 21 (1-), Работнички 20 (-1), Чаир 2030 20, Феникс 2010 20, ТФТ Моцарт 19, Кожув 16, Гостивар 16 (-1), Вардар 16, Навико Академија ФМП 16, Охрид 15;