04.11.2022

Во сабота навечер, Гостивар на гостување во Скопје по петти по ред триумф пред репрезентативната пауза

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: „Лавовите“ во Кисела вода го предизвикуваат лидерот

ФОТО: Еден од двата соседски дуели викендов во СРЦ „Кале“ ќе одиграат Работнички и ТФТ

Петтото коло од Првата лига ќе биде и последното пред паузата која ја „предизвикува“ ноемврискиот ФИБА „прозорец“, а во кој следуваат настапите на нашата најдобра селекција во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Поради обврските во АБА лигата (вечерва дуел на домашен терен со екипата на Морнар), актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром својот натпревар од ова коло, против Струмица 2022 ќе го одигра нешто подоцна, на 15. ноември.

Овој викенд со себе носи неколку интересни средби, од кои, се чини во преден план ќе биде гостувањето на лидерот на табелата, екипата на Гостивар (скор 4-0) во скопската населба Кисела Вода, каде во сабота од 19.30 часот, ги чека Навико Академија ФМП (1-3).

Согласно со досегашните резултати, гостиварци важат за фаворити во дуелот со младата и видно изменета екипа на „лавовите“. Но и уводната фаза во првенството покажа дека истото е во голема мерка изедначено, во кое секој може да победи секого.  

Колото ќе биде отворено со сребата во Кавадарци, од 18.часот, кога во „Јасмин“ Еуро Никле 2005 го дочекува гевгелиски Кожув. Барем во овие четири кола, двете екипи се на половичен ефект (2-2), па извесно е дека по овие 40.минити една од нив ќе напредува на табелата.

Кавадарчани имаат зад себе два порази по ред, и се во некоја императивна форма, бараат успех за да стават крај на та амини серија на неуспеси. Од друга страна екипата од Гевгелија, со дополнувањата на ростерот и во минатото коло потврди дека е подготвена за уште подобри резултати во мечевите кои следуваат.

Чаир 2030 (2-2) загуби токму во Гевгелија во минатиот круг, па во овој ќе се обидат да излезат како победници против одличниот состав на Феникс 2010 кој и оваа сезона стартуваше над сите очекувања (ефект 3-1), во дуелот кој е закажан од 19.часот, во СРЦ „Кале“ каде и двете екипи ги играат своите прволигашки натпревари.

Во СРЦ „Кале“ се очекува уште еден доста возбудлив меч во кој ќе играат уште две екипи кои се во улога на домаќини во овој спортски објект. Во недела, од 17.часот, Работнички е „домаќин“ на ТФТ, во натпревар во кој клубот со најмногу трофеи и сериозно зголемени амбиции ќе ја (по) бара првата победа во шампионатот.

Но нема да им биде нималку лесно на избраниците на тренерот Димитар Мираковски, ако се земе в предвид дека нивниот противник ТФТ (2-2) го покачува нивото на форма, за што потврда донесе и нивниот настап во минатото коло, против Еуро Никел 2005.

Некој час подоцна (19.00), во Куманово, гостува екипата на Пелистер (3-1). Силно мотивирани се вицепрваците по последните успеси, како на домашна сцена, така и во оние во АБА 2 конкуренцијата. Па на „сино-белите“ ќе им биде доста тешко да се одбранат од „пелистерци“ во обид да излезат од евидентната играчка и резултатска криза (една победа во четири натпревари).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 5.КОЛО

5.НОЕМВРИ (САБОТА):

18.00: Еуро Никел 2005 – Кожув

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/T5p4gbAhwl0

19.00: Чаир 2030 – Феникс 2010

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/gSz8d8Qo6bQ

19.30: Навико Академија ФМП – Гостивар

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/OAWdtb3n7p4

6.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА):

17:00: Работнички – ТФТ

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/aaucLz55IVo

19.00: Куманово 2009 – Пелистер

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://youtu.be/F0ZBxuzAgD4

15. НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром - Струмица 2022

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/3iCPksjOQEo