Нема многу време за одмор, особено за екипите кои имаат свои обврски и надвор од границите на Македонија. А тоа се однесува, пред се, за бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје.
Екипата од Аеродром утре навечер, во Гостивар, ќе го одигра својот натпревар од 13.првенствено коло, против екипата која е една од ретките (домашни), која славела победа во СЦ „Јане Сандански“.
Тоа ќе биде и дополнителниот мотив за „металците“ на ова гостување, против екипата која се соочува со сериозни (персонални) проблеми. Односно отсуство на неколку играчи, што беше забележливо и на претходниот меч во Битола, кој гостиварци го загубија убедливо.
За тренерот Љупчо Малинков во овој ммент е најважно да ја комплетира екипата во која недостасуваа некои важни играчи како Корсантиа, Митевски и Лефкоски, но и доста поголем простор за воигрување на новиот играч на бековската позиција, Кахлон Витли.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 13. КОЛО
25.ЈАНУАРИ (СРЕДА)
19.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Младост“ – Гостивар
28. ЈАНУАРИ (САБОТА)
17.00: Навико Академија ФМП – Феникс 2010
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
29.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)
18.00: Струмица 2022 – Кожув
Сала „Парк“ – Струмица
19.00: Куманово 2009 – Еуро Никел 2005
Сала „Перо Наков“ - Куманово
31.ЈАНУАРИ (ВТОРНИК)
19.00: ТФТ – Чаир 2030
Сала СРЦ „Кале“ - Скопје
1.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)
17.00: Работнички – Пелистер
Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје