13.10.2022

Вечерва во СРЦ „Кале“, екипите на Чаир 2030 и ТФТ го отвораат второто првенствено коло...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Можат ли чаирчани до ново изненадување, да бидат подобри и од ТФТ?

Обврските кои три наши прволигашки екипи ги имаат во наредниот период во АБА односно АБА 2 лигата се основната причина поради која второто првенствено коло ќе биде „поделено“.

Поточно ќе се игра во неколку различни термини.

Вториот круг ќе го отворат екипите на Чаир 2030 и на ТФТ, една од двете екипи кои имаат обврски во АБА 2 конкуренцијата.

Вечерва, од 17.часот, во салата на СРЦ „Кале“, новиот прволигаш ќе се обиде да направи уште едно изненадување, сега против ланското најголемо изненадување во лигата и во Купот на Македонија.

Силно митивирани го дочекуваат избраниците на тренерот Ерхан Рамадан натпреварот против актуелниот освојувач на Купот, особено по стартната победа на гостински терен, прва за чаирчани во историјатот на постоење на клубот.

„Очекувам еден, цврст натпревар, по победата со Куманово сме максимално мотивирани и сум сигурен дека ќе продолжиме со добра игра и на средбата со ТФТ.

ТФТ има добар состав, играа во ФИБА Лигата на Шампионите, сега и во АБА2 лигата, но тоа е само мотив плус, да покажеме што можеме. И да дадеме се од себе за да дојдеме до втора победа. Со помошта на нашата публика која очекувам да биде во голем број, да стигнеме до целта“ – вели Ерхан Рамадан, тренерот на екипата од Чаир.

Онаа од Тафталиџе имаше неуспешен старт на сезоната. Запишаа два порази во дуелите со МЗТ Скопје Аеродром. Еден во Суперкупот и уште еден во првото коло од првенството.

Вториот наш претставник во АБА 2 лигата, екипата на Пелистер, која исто така ќе биде дел од првиот „балон“ во јадранското натпреварување (17-21. октомври на Златибор), својот натпревар од второто првенствено коло ќе го игра во петок попладне.

Од 18.30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола гостува Работнички.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

13.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)

17.00: Чаир 2030 – ТФТ (МРТ 3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/KoJRca_53bE

14.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

18.30: Пелистер – Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/N_VwqUYLkdo

15.ОКТОМВРИ (САБОТА)

17.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/TMVq6isHkWE

18.00: Кожув – Струмица 2022

Сала „26.април“ – Гевгелија

https://youtu.be/cqiMPufoPNE

18.00: Еуро Никел 2005 – Куманово 2009

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/-NVR8q0r6Yw

18. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/tj_yqdcwCP0