Во последниот натпревар од 15. коло, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја оправдаа улогата на фаворит, и стигнаа до победа на гостувањето во Кисела Вода.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 86:102
Доста ефикасно прво полувреме одиграа кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. Поточно, тоа се однесува за втората четвртина во која „сино-белите“ реализираа 31, од крајните 57 поени, со кои обезбедија сосема солидна предност на полувремето (57:40).
Реализирана без помошта на Војдан Стојановски, кој остана да одмори на клупата за резервни играчи, а надвор од теренот, поточно на трибините, тренерот Драган Николиќ ги остави Бурсаќ и Миќовиќ.
Во нападот одлично функционираа Кук и Робев (дадоа пет тројки од тимските девет), а како „резервист“, интересно, свој придонес даде и капитенот Д. Стојановски (со девет реализации).
Навико Академија ФМП испрати закана на почетокот на второто полувреме. Во воведните минути, домашните кошаркари направија убава серија од (9-1), и за само три и пол мионути, преку Мек-Свејн, Златевски и Бјелиќ, негативата ја сведоа на едноцифрена (49:58).
Тоа само како да ги подналути гостите од Аеродром, кои реагираа молневито. Со своја контра-серија, но далеку „подолга“,од (15-2), со која ги вратија „работите на своето место“, фаворитот одново имаше големи (73:51) кога се играше 28.минута.
Уште еднаш, играта во одбраната беше сериозен проблем за екипата која ја предводи Тони Симиќ. Но „придонес“ во таа констатација даде и процентот на реализација на „металците“ кои подобро шутираа за три (59%) отколку за два поени (57%) во тие три четвртини кои финишираа со веќе недостижни, (78:53).
Николиќ им даде шанса на Пандев и на Андоноски, ја искористија доста добро,вратија со 19, односно со 11 реализации. А двоцифрен број на поени запишаа Робев (18), Кук (16), и Крстевски (10).
Кај Навико Академија ФМП, интересно, со 15 поени, најефикасен беше еден од најмладите во тимот, Василевски, 11 даде Мариновиќ, додека по десет реализираа Смит-Меквејн и Настовски.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО
Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром 86:102
Работнички – Гостивар 98:63
Струмица 2022 – Пелистер 77:101
Еуро Никел 2005 – ТФТ Mozzart 69:73
Чаир 2030 – Кожув 79:86
Куманово 2009 – Феникс 2010 70:63
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 28, Пелистер 27, ТФТ Mozzart 25, Еуро Никел 2005 24, Гостивар 24, Работнички 23, Феникс 2010 23, Кожув 22, Чаир 2030 22, Куманово 2009 18, Навико Академија ФМП 18, Струмица 2022 17;
ИДНО КОЛО (04.03)
Пелистер – Куманово 2009
Гостивар – Навико Академија ФМП
МЗТ Скопје Аеродром – Струмица 2022
Феникс 2010 – Чаир 2030
Кожув – Еуро Никел 2005
ТФТ Моzzart - Работнички