Освојувачите на трофеите во ланската 2022, ја имаа честа да ја отворат прволигашката 2023 година.
Вечерва, во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од ТФТ во второто полувреме доволно за победа, прва за новиот тренер Драган Николиќ како предводник на популарните „металци“. И 11. во 12.одиграни кола, за чување на лидерската позиција во домашниот шампионат.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 91:81
Максимално израмнето се играше во СЦ „Јане Сандански“ во првото полувреме. Ниту една од двете екипи не успеа да создаде некоја „опиплива“ предност. Односно позитива поголема од пет поени. Во една тава ситуација беше домашната екипа, пред крајот на втората четвртина кога се одвои на (50:45), на истекот на 17.минута.
Но, ТФТ веднаш се врати во егал-колосек, гостите од Тафталиџе дури и преминаа во водство, макар и минимално (52:51).
Нерешено беше и на истекот на 20.минута (54:54).
Полувреме во кое свои одлични минути имаше Страхиња Миќовиќ. Се до пред самиот финиш, имаше беспрекорна реализација во обидите од поле. Даде половиина до поените за МЗТ Скопје. На истекот на полувремето зад неговото презиме останаа запишани 22.поени со шут од игра, 3/4 за три, и 7/8 за два поени. Одлично во тие минути му парираше Мекбраер, кој влезе во игра од клупата за резерви, но за кратко време стигна до ддвоцифрен број на поени (вкупно 10).
Заедно со Ташовски (дополни со девет реализации), донесоа доста позитивни моменти за гостинскиот тим во улога на резервисти
Токму Миќовиќ беше креаторот и на највисокото водство на „сино-белите“. Во 26.минута, МЗТ Скопје Аеродром поведе со (70:61). Но шампионот не престана да го полни кошот на противникот. Серијата продолжи, парцијално гледано и до (24-7), по осумтте поени на Војдан Стојановски за (78:61). Тој период од играта бранителот на шампионската титула го затвори со уште повисоки (82:63) . Но тоа не беше и дефинитивна потврди на првата прволигашка победа во 2023 година.
ТФТ направи серија од (12-0) со која се врати во игра. намалија гостите на (75:82) за нецели четири минути играње во последната четвртина. За повеќе од пет минути, МЗТ Скопје Аеродром даде само еден, единствен поен. А ТФТ го искористи тоа за да се доближи на уште пониска негатива (79:83), и оние 4:20 минути колку што останаа до крајот, да ги направат, неизвесни.
Требаше да поминат повеќе од шест минути за домаќините да го постигнат првиот кош од игра во четвртата четвртина (го направи тоа Д. Стојановски). Доволно да иницира мини-серија од (8-0) и да ги врати работите „во нормала“ (91:79).
Миќовиќ го заврши натпреварот со висок дабл-дабл ефект, изразен со реализација на 34.поени (4/6 за три, 6/9 за два и 4/6 за еден поен) и 17.скока, за индекс 41.
Двоен број на поени во домашната екипа имаа и В. Стојановски (14), Д. Стојановски (12), и Кефи 10, доволно за 11. победа во 12. одиграни мечеви во Првата лига.
ТФТ пак имаше цела една петорка со играчи кои се водат како „двоцифрени“. Мекбраер и Ташовски завршија со 16. поени, еден помалку имаше Николов, Андерсон дополни со 12, а Костоски со 11 реализирани поени.
Утре вечер (18.30 часот), и вториот наш претставник во АБА 2 конкуренцијата, Пелистер, ќе го одигра својот меч од ова 12. коло, исто така интересен, во трката за позицијата број 2.
Во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостува Гостивар. Интересно ќе биде да се види како ќе се снајде репрезентативец Андреј Маслинко, кој во овој преоден рок го напушти Гостивар и се реши за договор токму со екипата од Битола.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 91:81
19.ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК):
18.30: Пелистер – Гостивар
Сала „Боро Чурлевски“ - Битола
ЛИНК: https://youtu.be/b4xD-o4TVY8
21.ЈАНУАРИ (САБОТА):
18.00: Кожув – Навико Академија ФМП
Сала „26.април“ - Гевгелија
ЛИНК: https://youtu.be/8UTX86IxZak
18.00: Еуро Никел 2005 – Струмица 2022
Сала „Јасмин“ - Кавадарци
ЛИНК: https://youtu.be/ctglDUPbnJI
19.00: Чаир 2030 – Куманово 2009
Сала „Шабан Трстена“ - Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/6YSeUKkoQiQ
22.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА):
20.00: Феникс 2010 – Работнички (МРТ3)
СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://youtu.be/cFOvlNGQJAY