Шампионот не му даде никаква шанса на ТФТ Моцарт и во првиот меч од 19.коло, дојде до убедив триумф (67:47), кој го остава на првата позиција на табелата...
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ МОЦАРТ 78:56
ТФТ Моцарт не беше сериозен конкурент за МЗТ Скопје во дуелот на двете македонски екипи кои оваа сезона се дел од АБА 2 лигата.
Бранителот на титулата делуваше мошне сигурно, што не може да се каже за другата екипа на теренот во СЦ „Јане Сандански“.
Водеа „сино-беите“ од првата до последната минута, и во ниту една од нив не му дозволиа на тимот од Тафталиџе ниту да размислува за било какво изненадување.
На почетокот од последната четвртина, со серијата од (9-0), домашниот тим ги уништи сите надежи на оној гостинскиот. Поведе и со плус од 20.поени (65:45), за 15. победа во 19.одиграни кола.
И засега, прво место на табелата на три кола пред крајот на регуларниот дел (подобар скор во меѓусебните дуели со Работнички, кој беше на ист ефект пред одигрувањето на овој круг од натпреварите).
Братскиот двоец Војдан и Дамјан Стојановски искомбинира 26. поени за МЗТ Скопје, ефикасен беше и Баковиќ кој реализираше 15.поени, а Крстевски уште 10. како честитка за 58 годишнината од постоењето на кошаркарскиот колектив од Аеродром.
Во скромното издание на ТФТ Моцарт, Ифеје и Ташовски завршија со по 15. реализации, а Николов уште 10. поени.