22.11.2023

Без промени на челните позиции на табелата по двете дерби-средби во Скопје

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје најде решение за ТФТ, а Чаир 2030 за Пелистер

Во натпревар „сиромшен“ според бројот на реализации на двете страни, шампионот како гостин во СРЦ „Кале“ го совлада ТФТ Моцарт, додека пак Чаир 2030 не го дава домашниот терен, ја прекина серијата на победа на Пелистер...

ЧАИР 2030 – ПЕЛИСТЕР  87:80

Екипата од Чаир беше далеку подобрата во оној воведен дел од средбата во салата „Шабан Трстена“ за доста кратко време чаирчани се стекнаа и со двоцифрена предност. А на крајот на првата четвртина водство делуваше и висооко (25:13).

Имаше Чаир 2030 и уште повисоки (35:17), во 14.минута.

Но дури откако противникот се стекна со така висока предност, се чини дека „пелистерци“ почнаа да играат доста поефикасно. Особено по влегувањето во игра на Мијовиќ и Костоски кои во тој дел од играта дадоа пет од тимските шест тројки.

За сериозно намалување на високата негатива (34:42), потоа и на уште пониски (40:46), пред еден од најдобрите играчи во домашната екипа, Корбет не ги постави (48:40) на полувремето.

Во второто, одново доста изедначена игра во која екипата од Чаир успешно ја бранеше предноста реализирана во првото...  

Слично како и во првите 20.минути, чаирчани ја имаа предноста, најчесто и повеќе од десет поени. Битолчани пак се што сторија е да ја намалат на достижни шест. Како што беше и во 24.минута, (48:54). Но на истекот на 30.минута, домаќините пак беа на солидни плус 9 (67:58).

Скоро иста слика и во четвртината на одлука. По поените на Магдевски, „зелено-белите“ се доближија на пет поени (70:75). До крајот останаа да се доиграат долги четири и пол минути. Период во кој битолчани не најдоа решение како да го преминат тој „поентерски праг“ односно разлика.

Чаирчани се одбранија, победија, и што е најважно го држат чекорот со лидерот на табелата, МЗТ Скопје пред нареднот дерби-меч извесно и на првиот дел на сезоната, оној во Аеродром, каде му гостуваат на бранителот на титулата.

А четворица стартери кои ги одбра тренерот Ерхан Рамадан, завршија со десет или повеќе поени (исклучок е Мустафица).

Мофит постигна 26, Корбет имаше 17 ( и девет скока), еден помалку иапе новакот во нивните редови, Какруки, додека пак десет реализации дојдоа до Александровски.

Во екипата од Битола, слична „распределба на поените“. Магдевски и Мијовиќ предводат една петорка „двоцифрени“, (двајцата завршија со 16.реализации). На таа листа Планиниќ допиша 14, Бернард 12, а Маслинко уште 11.поени.

 ТФТ МОЦАРТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ    63:68

Апсолутно израмнет натпревар одиграа екипите кои ја претставуваат Македонија во АБА 2 лигата вечерва во СРЦ „Кале“. Иако бранителот на титулата имаше некоја постојана предност, „предизвикувачот“ во овој случај, екипата на ТФТ Моцарт, наоѓаше, сили, начини и средства да биде во постојан резултатски егал.

Така беше и по 20 одиграни минути во кои двете екипи поделија по 35 поени. Ништо поразлично не беше и на истекот на третата четвртина во која МЗТ скопје Аердом имаше само еден поен плус (53:52).

На почетокот на последната, „бело-црните“ направија мини резултатски пресврт. Поведоа со (57:53), но реално, крајот на средбата беше доста далеку. По поентирањето на младиот Петков, гостите одново изедначија, сега на (59:59),

Но не застана во обидите да стигнат до уште една победа. Во ние пет минути, повторно максимално неефикасни, се снајдоа подобро во однос на домашниот тим, и стигнаа до седмиот триумф во осум одиграни мечеви од досегашнито дел од сезоната во Првата лига.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО

Чаир 2030 – Пелистер     87:80

ТФТ Моцарт – МЗТ Скопје Аеродром           63:68

Феникс 2010 – Еуро Никел 2005         49:47

Навико Академија ФМП – Кожув       93:83

Работнички – Охрид       86:56

Вардар – Гостивар           75:90

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 15, Чаир 2030 14, Еуро Никел 2005 13, Работнички 13, Пелистер 13, ТФТ Моцарт 13, Феникс 2010 12, Гостивар 12, Вардар 11, Кожув 10, Навико Академија ФМП 9, Охрид 9;  

ИДНО КОЛО (25.11)

Гостивар – Н.Академија ФМП

Кожув – Работнички

Пелистер – Вардар

Еуро Никел 2005 – ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030

Охрид – Феникс 2010