МЗТ Скопје Аеродром е силен, дури и кога е во некомплетен состав. Кога улогата на организатор ја има само Мајкл Кафи, а сега по заминувањето на Магдевски и на Ајви, помагаат играчи како Војдан Стојановски и Дамјан Робев...
Кожув - МЗТ Скопје Аеродром 78:88
Навистина, Кожув беше рамноправен ривал, но само во првите 20.минути. А на аеродромци им беше потребна една одлична четвртина, онаа третата, да го скршат отпорот на гевгеличани.
Ако по првото полувреме фаворитот имаше предност од само три поени (43:40), работите некако си дојдоа на своето место по големиот одмор. Не дека и претходно не играше ефикасно составот на Александар Петровиќ. Но во овој период од играта, гостите ја затегнаа, во прв ред, одбраната. На противникот му дозволија да постигне само 12, а на другата страна, реализираа дури 31.поен. Доволно за бегство на недостижни (74:52), и за осма победа во девет одиграни мечеви во Првата лига. И делба на првата позиција заедно со екипата на Пелистер.
За екипата од Гевгелија, остануваат оние три победи во девет кола.
Војдан Стојановски ја предводеше гостинската екипа со 21.реализација и 6.асистенции, а двоен број на поени запишаа уште и: Робев (16), Крстевски (15), Кефи и Мичовиќ по десет.
Кај Кожув, секако, во преден план, ефектот на Мајрон Гордон, стрелец на 34. поени, Ризвиќ дојде до 16, а Хантер заврши со десет поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО
Кожув - МЗТ Скопје Аеродром 78:88
Еуро Никел 2005 – Гостивар 92:86
Феникс 2010 – Пелистер 60:73
Струмица 2022 – ТФТ 84:111
Куманово 2009 - Навико Академија ФМП 83:102
Чаир 2030 – Работнички 23:44 (прекин)
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17, Пелистер 17, Гостивар 16, ТФТ 14, Еуро Никел 2005 14, Феникс 2010 14, Работнички 12 (-1), Навико Академија ФМП 12, Кожув 12, Куманово 2009 11, Чаир 2030 10 (-1), Струмица 2020 10;
ИДНО КОЛО (17.12)
Навико Академија ФМП – Чаир 2030
Гостивар – Кожув
Струмица 2022 – Куманово 2009
ТФТ – Пелистер
МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010
Работнички – Еуро Никел 2005