26.10.2022

МЗТ Скопје Аеродром влегува како фаворит, но Работнички има свои „математики“ во 159. пресметка во историјата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: На ред е првото вечно дерби во новата сезона

Колото број 3 од новата сезона ќе биде затворено вечерва. На најдобар можен начин, со дуелот помеѓу вечните ривали во македонската кошарка.

Од 17.часот во СРЦ „Кале“, Работнички го дочекува МЗТ Скопје Аеродром во 159. По ред вечна приказна. Онаа која вели дека досега екипата од „Градски парк“ е во голема резултатска предност. „Води“ со 91:67, но разликата , барем во последно време е сериозно намалена од страна на екипата од Аеродром.

Извесно е дека популарните „металци“ влегуваат како фаворити на вечерашниот натпревар, извесно и најмногу поради „содржината на играчкиот ростер“.

Но фразата, макар и стара, а која вели дека „кога се игра вечното дерби, некогаш, резултатот може да биде и на страната на аутсајдерот“, стои и сега како најавна.

МЗТ Скопје исчекори напред во АБА лигата стигна до првата победа, но знак на предупредување дефинитивно беше поразот од Гостивар на домашен паркет во СЦ „Јане Сандански“, кој веројатно е пред играчкиот и стручен тим на „сино-белите“ во пресрет на вечерашниот дуел.

Од друга страна пак „црвено-бепите“ кои сеуте се без победа во новиот шампионат, имаа(т), ако ништо друго, многу повеќе време за подготовка за овие 40.минути, кои можеби и не се најзначајните во сезоната. Но се секогаш битни, ако се земе в предвид дека се против вечниот опонент.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

26. ОКТОМВРИ (СРЕДА):

17.00: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/m5Y6nArTW_o

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ

Навико Академија ФМП – Пелистер   70:79

Струмица 2022 – Феникс 2010 98:92

Чаир 2030 – Еуро Никел 2005  74:73

Куманово 2009 – Кожув 92:78

Гостивар – ТФТ      90:83

ТАБЕЛА: Гостивар 6, Еуро Никел 2005 5, Феникс 2010 5, Пелистер 5, Чаир 2030 5, Струмица 2022 4, Кожув 4, ТФТ 4, Куманово 2009 4, Навико Академија ФМП 4, МЗТ Скопје Аеродром 3 (-1), Работнички 2 (-1);