31.03.2023

Подобриот тим во мечот од 20. коло кој се игра во салата „Независна Македонија“, ќе биде поблиску до опстанокот...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Навико Академија ФМП и Куманово во битка за што подобра позиција пред плеј-аутот

Пред одигрувањето на 20 коло, кое е на програмата овој викенд (и некој дена потоа), табелата во Првата лига е практично поделена на два дела. Познати се осумте екипи кои ќе играат во доигрувањето за шампионската титула, како и оние четири кои ќе се натпреваруваат во Плеј-аут лигата кој носи опстанок во друштвото на најдобрите.  

А натпреварот кој може да тргне многу дилеми во таа насока, однос на патот кон опстанокот, дефинитивно е оној во кој ќе се сретнат екипите на Навико Академија ФМП и Куманово 2009.

По 19 одиграни натпревари двете екипи се на ефект (4-15), па извесно е дека победникот на овој дуел кој ќе се одигра како полседен во ова коло, на 4 април (вторник) со почетокот од 18. часот во салата „Независна Македонија“ во Скопје, ќе биде особено важен пред почетокот на онаа мини-лига во која што покрај овие две екипи влегуваат и Чаир 2030 и Струмица 2022.

Овие две екипи пак ги очекуваат гостувања во СРЦ „Кале“. Утре претпладне, од 13.часот, ТФТ Мozzart е домаќин на екипата од Струмица, а четири часа подоцна, од 17.часот, на истото место, ќе се сретнат екипите на Работнички и Чаир 2030.

ТФТ Мozzart (13-6) има добра позиција на табелата. На три кола пред крајот на регуларниот дел, „црно-белите“ се на делба на третото место (заедно со екипата на Гостивар), што им носи предност на домашен терен во четвртфиналната серија од плеј-офот.

Гостиварци треба да ја бранат таа позиција против една доста квалитетна екипа каква што несомнено има Еуро Никел 2005. Дуелот во салата „Младост“ во Гостивар стартува во сабота навечер, од 19.30 часот.

Еден час подоцна, нè очекува уште еден интересен натпревар. Од 20.30 часот во Битола играат Пелистер (15-4) и Феникс 2010 (11-8).

Уште еднаш, поради обврските во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродорм својот натпревар, сега против екипата на Кожув (8-11), ќе го одигра после викендот, поточно на 3.април (понеделник) од 20.30 часот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 20. КОЛО

1.АПРИЛ (САБОТА):

13.00: ТФТ Mozzart – Струмица 2022

Сала во СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/l126FJvPTkI?feature=share

17.00: Работнички – Чаир 2030

Сала во СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VqJR6kMUM7o?feature=share

19.30: Гостивар – Еуро Никел 2005

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5rC0qUZvw-g?feature=share

20.30: Пелистер – Феникс 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iXbdGnHN5no?feature=share

3.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Rpx4SHY96Rk?feature=share

4.АПРИЛ (ВТОРНИК)

18.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zPEshf08DZU?feature=share