21.01.2023

Еуро Никел 2005 сигурен против Струмица (89:72), Кожув и Навико Академија ФМП одиграа израмнет натпревар со победа за домаќинот (108:103)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: НБА натпревар во Гевгелија, и важна победа за Кожув

Во продолжението на 12. коло, вечерва на распоредот беа уште три првенствени натпревари.

КОЖУВ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП            108:103

Не поминаа повеќе од пет минути, а екипата на Кожув се избори за предност од десет поени (22:12). Дури 18 од нив реализираа Братож, Гордон и Ризвиќ.

Ефикасно се играше во првата четвртина во која на крајот гевгеличани уфрлија дури 35, но и примија 28.поени.

Ефикасно продолчжи да се игра и во вториот период од играта во салата 26.април“. Веројатно и најефикасното полувреме го одиграа кошаркарите на Кожув во овие 12.првенствени кола. Реализираа дури 62.поени, противникот заостануваше за 14.

Но по паузата, работите се сменија, и тоа во корист на екипата која за прв пат во ова првенство ја водеше Тони Симиќ.

„Лавовите“ од Кисела вода заиграа многу подобро, особено во одбраната, што резултираше со видно намалување на таа, навидум недостижна разлика. На истекот на третиот период, гостите од Скопје заостануваа само седум поени (75:82).

По тројката на Смит, потоа и на Златевски, по четири минути од последната четвртина, нивното заостанување беше уште помало (91:95). Драматиката ја продолжи Џонс за уште пониски (93:95) на средината од последната четвртина. 

Се чинеше дека тоа беше се од Навико Академија ФМП на ова гостување. Со шест поени во серија, преку Ризвиќ  и Штерјов, Кожув се одвои на (101:93).

Но крајот беше далеку, со пет поени по ред гостите се заканија уште еднаш, на 1:44 минути пред крајот, се доближија на „еден посед“ (98:101). Но во пенал-завршница, гевгеличани го имаа „мирниот“ Гордон кој ги реализира четирите слободни фрлања кои го донесоа Кожув на недостижни (106:100), доволно за четвртта победа во шампионатот. Прва за Апостоли Апостолов како прв тренер на екипата од Гевгелија.

Токму Ризвиќ (23.поен) и Гордон (27), првиот стрелец во лигата се одвоија поентерски во домашната екипа во која имаше уште тројца играчи со барем десет поени. Братож имаше 16, Главчев 13, а Колев еден помалку. Слична беше распределбата на поените и во гостинскиот состав. Смит броеше до 33, Џонс до 19, новакот Мариновиќ постигна 16, а Златевски уште 14.поени.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – СТРУМИЦА 2022           89:72

Одлично го отворија натпреварот домашните кошаркари. Во раната фаза направија двоцифрена разлика (24:13), потоа и (26:15), аодлично во нападот функционираа Гавриловиќ, Караколев и Планииќ, кои постигнаа 22.поени од вкупните 26. Но до првиот „мал одмор“, со серија од седум поени, струмичани намалија на (20:28).

Тројката на Ѓекиќ ги однесе кавадарчани на највисоки (33:20) кога се играше 13.минута. Но ништо повеќе од тоа, натпреварот „влезе“ во некои „помирни води“, Еуро Никел 2005 одржуваше водство кое се граничи со двоцифрено. Така беше и на полувремето (48:37).

Екипата од Кавадарци знаеше како да го држи на резултатска „дистанца“ својот противник. Едноставно не им дозволија на струмичани да помислат на било каков пресврт, ни играчки, а уште помалку резултатски.

На почетокот на последната четвртина дојдоа до недостижно водство од (79:57) кое го претворија во нова победа, за тимот н Горан Самарџиев седма во вкупно 12 одиграни средби.

Планиниќ заврши со 28.поени, Гавриловиќ 16, а Ѓекиќ 15.поени, а интересно, искусниот Соколов даде само два, но затоа пак имаше изворедни 12.асистенции за Еуѕро Никел 2005.

Во доста изменетиот состав на Струмица 2022, Мамузиќ заврши со 24.поени, Крстајиќ беше под својот поентерски просек, имаше за него скромни 12.поен, додека пак Волканоски освен десет поени имаше и десет скока. Исто колку и новакот Даглас.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Кожув – Навико Академија ФМП       108:103

Еуро Никел 2005 – Струмица 2022    89:72

Чаир 2030 – Куманово 2009     (во тек)

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ    91:81

Пелистер – Гостивар       117:87

22.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА):

20.00: Феникс 2010 – Работнички (МРТ3)

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/cFOvlNGQJAY