Македонскиот шампион брзо се рехабилитираше за несреќниот пораз во АБА кокуренцијата против Игокеа. Иако без многу време за одмор, лесно се справија со кавадарчани на домашен терен.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 77:51
МЗТ Скопје не попушта. Знаат македонските шампиони да губат во Лигата на Јадранот, но во домашната, се оди според предвидувањата и на стручниот штаб и на навивачите на тимот од Аеордром.
Ниту Еуро Никел 2005 не претставуваше пречка за помалку заморените „металци“ на затворањето на осмото првенствено коло. Дилеми маше само во првата четвртина која беше и најизедначената. Период од играта во кој кавадарчани колку-толку парираа, и во играта и во резултатот (19:17).
А како стартуваше втората, така дојдоа проблемите за екипата која ја тренира и води Горан Самарџиев. „Сино-белите“ полека го пронајдоа ритмот со кој го рушеа отпорот на ривалот со кој не така долго, спореа и за шампионската титула.
До полувремето, Домашната екипа се одвои на двоцифрени (38:27), а решавачкиот удар го зададоа во наредната. Практично продолжија во ист стил, цврста одрбрана и трпелив и сигурен напад. Па по три четвртини МЗТ Скопје Аеродром веќе беше недостижен за екипата од Кавадарци (58:37).
Јасно и поради што, поголем број на поквалитетни играчи, а вечерва, особено во првото полувреме, одличен Јигитоглу, стрелец на 16.поени, дополнети и со 13. скока, Сосема солидни рољи на браќата Стојановски (комбинираа 21. поен), но и се поекспонираниот Робев, кој заврпи со 17.реализации, најмногу во екипата-победник.
Во онаа поразената, вреден за спомен е ефектот на Планиниќ, изразен со 15.поени и 6.скока.
По осум коа првакот се изразмни со Пелистер и Гостивар на делба на првото место (скор 7-1), Еуро Никел 2005 пак е половичен (4-4).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 8. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005 77:51
Пелистер – Кожув 96:84
Навико Академија ФМП – Струмица 2022 89:80
Гостивар – Чаир 2030 86:68
ТФТ – Феникс 2010 74:79
Работнички – Куманово 2009 119:83
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 15, Пелистер 15, Гостивар 15, Феникс 2010 13, ТФТ 12, Работнички 12, Еуро Никел 2005 12, Кожув 11, Куманово 2009 10, Чаир 2030 10, Навико Академија ФМП 10, Струмица 2022 9;