08.11.2023

По празниот период од 20.минути, МЗТ Скопје Аеродром ги постави работите на свое место во четвртата четвртина (73:64)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Нема проблеми за шампионот, Феникс 2010 само се закани, но ништо повеќе од тоа

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром продолжија со победите во домашниот шампионат. Бранителот на титулата прими закани од својот „сосед“ во СЦ „Јане Сандански“, три четвртини одолеваше Феникс 2010, но не успеа да се одбрани во последната

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010    73:64

Провот поливреме беше доста слабо, во секој поглед, најмногу според бројот на реализации, на обете страни. Но и во таа неповрзана игра, некако подобро се снајдоа „гостите“. Феникс 2010 се стекна со позитива од пет поени (35:30).

И иако тешко стигнаа до неа, кошаркарите на Фенис 2010 се чини многу полесно ја „потрошија“. По големиот одмор, му дадоа шанса на поискусниот ривал да направи резултатски пресврт, што екипа како МЗТ Скопје знаеше да ја искористи, и да ја врати предноста на својата страна.

Со серијата од (9-2),на почетокот на четврттата четвртина, шампионот во чија игра посебен квалитет, поточно предност, донесе влегувањето на Андоноски, дојде и до првата двоцифрена разлика (63:52).

Но гостите немаа намера да се предадат. Уште еднаш се доближија на минус од четири поени. Но некоја минута подоцна останаа без својот најдобар играч, Џозеф Рис, кој ја доби петтата лична грешка.

Положувањето на Ворку, одново им донесе на аеродромци предност од десет поени (68:58) на четири минути пред крајот на соседскиот дуел во СЦ „Јане Сандански“. Ситуацијата за гостинскиот тим стана уште посложена откако во следниот напад, од истата причина, пет лични грешки, играта мораше да ја напушти и Трајковски.

Без двоецот кој доминира во рекетот, стана јасно дека Феникс 2010 не може да направи ново „врaќање“.

Војдан Стојановски беше прв поентер во екипата победник, реализираше 20.поени, додаде и седум скока и четири асистенции, неговиот брат, Дамјан Стојановски дополни со 14.поени и седум скока, вреди и придонесот на Андоноски кој од клупата донесе девет поени, три скока и две додавања.

Тренеот на Феникс 2010 Денис Дервишевиќ може да го радува одличниот настап на Андреј Митревски, кој заврши со 19.поени, плус пет скока и две асистенции, најдобар за него по враќањето од повредата и паузата од неколку месеци.

На висина на својата задача беше и Рис, кој заврши со дабл-дабл од 19.поени и 10.скока, додека Џонс запиша 11.поени, но имаше и пет загубени топки, што беа сериозен негативен фактор во играта на гостинската екипа во овие 40.минути.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 7.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 73:64

11.НОЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Гостивар – Чаир 2030

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PUAMKxcVe4M?si=9YmMJlZuSq_B8USW

18.00: Кожув – Вардар

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W3Fs02O1xm8?si=yKZAsxeTUGLjokiZ

18.00: Еуро Никел 2005 – Охрид

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jC6IiHyO81E?si=m1a4OjmDepQTm5J7

18.30: Пелистер – ТФТ Моцарт (МРТ 3)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/XpXuw_vXAY0?si=rQhZPGebB5Q7CUod

19.00: Навико Академија ФМП – Работнички

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/a9jQyTYVEKo?si=u0kfFH8G7yW6CVh5