17.12.2022

Во натпревар исполнет со големи резултатски и играчки пресврти, „црвено-белите“ подобри од Еуро Никел 2005 (92:87).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Нема „стоп“ за Работнички, Струмица „исплива“ од дното

Кошаркарите на Работнички продолжуваат со успешните игри, и со победи кои ги носат во горниот дел од табелата во Првата лига-мажи. 

Во натпревар исполнет со големи резултатски и играчки пресврти, во СРЦ „Кале“ во Скопје, „црвено-белите“ беа подобри од Еуро Никел 2005.

РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005     92:87

Доста израмнет беше почетокот на мечот во СРЦ „Кале“. Работнички и Еуро Никел 2005 повеќе внимание му посветуваа на нападот, играа доста ефикасно двата големи ривали во нашата кошарка, за „црвено-белите“ да се стекнат со „почетен капитал“, макар и не висок, (28:26).

Беше нешто поголем по 20.минути играње во СРЦ „Кале“ (50:44).

Но работите почнаа да се менуваат по одморот...

Кавадарчани отворија многу подобро во второто полувреме. Му дозволија на домаќинот да реализира само шест поени за скоро осум минути игра. Дадоа 16, и направија вистински пресврт. Поведоа со солидни (62:56), ги предводеше расположениот Планиниќ, кој комплетираше дабл-дабл од 20.поени и 11.скока за неполни три четвртини, одлично го следеше, поентерски, Гавриловиќ, кој дополни со 15.реализации.

А одличната трета четвртина кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја затворија со двоцифрено водство (68:58).

Но имаше да се играат уште цели десет минути. Оние во кои Работнички направи „камбек“. Вистински, посебно играчки, кој им донесе и промена на водството во нивна корист, се разбира.

По тројката на еден од најмладите во тимот, Шошкиќ, на нецели четири минути до крајот, Работнички поведе со (82:76).

На ист начин, со тројка, Ѓекиќ ја прекина серијата на домашната екипа (79:82), доволно за неизвесен финиш во последните 150 секунди.

Ги снема дилемите по двете по ред, тројки на Нотиџ, кој донесоа недостижни (88:79).

Еден од тројцата со по 11 реализации кај Работнички (Шошкиќ и Малешевиќ), каде Форте даде 21, а Бакоч уште 20 поени.

Планиниќ застана на 22, а Гавриловиќ на 17.поени за Еуро Никел 2005

СТРУМИЦА 2022 – КУМАНОВО 2009 90:85

Дуелот на двете екипи од долниот дел на табелата, макар во првите десет минути донесе доста изедначена игра, без резултатско отскокнување на двете страни. И со минимално водство на струмичани (25:23), во кое Крстајиќ веќе искреира 11.реализации, на едната, а Нацевски девет, на другата страна од теренот.

Во втората, освен Нацевски, за Куманово почна да погодува и Јанески, тоа се одрази и на резултатот. Гостите стигнаа до водство, по 20.минути имаа плус од три поени (48:45).

Слична беше нивната „тенка“ позитива и во текот на третата четвртина, во 28.минута беше (62:59), а да не биде и поголема се грижеше Крстајиќ, кој им се врати на оние свои поентерски навики, и до крајот на тој период, веќе имаше 27.поени. Двоен број на поени во домашниот состав имаше и Мамузиќ.
А уште еден искусен играч, Зивчевиќ, отвори своја серија на поени која ги донесе кумановци и на највисоките (74:66), во 33.минута. Но следуваше убава серија на поени на Струмица 2022. Или серија од (12-1) доволна за пресврт, (78:75) во средина на последниот дел.  

Тројката на Стротер ги врати гостите на само еден поен негатива (85:86) на влезот во последните две минути од мечот во струмички „Парк“. Врати Стаменковиќ, за (88:85), но Нацевски не ги реализираше следните два напади за Куманово 2009, и евентуално израмнување. Со две слободни фрлања, Асрат ја потврди победата (90:85) за екипата од Струмица во која сите пет стартери имаа барем по десет поени, најмногу, 34 дојдоа од Крстајиќ, додека Стаменковиќ додаде 20.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005     92:87

СТРУМИЦА 2022 – КУМАНОВО 2009 90:85

ГОСТИВАР – КОЖУВ         100:83

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030     (во тек)

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:

ТФТ – ПЕЛИСТЕР   95:90

19.ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/rpZwnuh5SDg

ТАБЕЛА: Пелистер 18, Гостивар 18, МЗТ Скопје Аеродром 17(-1), ТФТ 16, Работнички 16, Феникс 14 (-1), Еуро Никел 2005 15, Кожув 13, Навико Академија 12 (-1), Куманово 2009 12, Струмица 2022 12, Чаир 2030 10 (-1);