02.10.2021

Во финалните десет минути, кавадарчани направија (21-5), за конечни (88:77) против Гостивар

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Одличен финиш на Еуро Никел 2005, доволен за премиерна победа

Една одлична четвртина, онаа последната, беше доволна з ановиот состна на Еуро Никел 2005 да стигна до првата победа во новиот шампионат.

Откако по три одиграни четвртини кавадарчани беа во заостануавње, со парцијални (21-5) направија дефинитивен пресврт, и играи и резултатски и го совладаа жилавиот Гостивар

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ГОСТИВАР           88:77

Двете екипи си поделија по една четвртина во првото полувреме од средбата во „Јасмин“.

Гостите ја добија првата четвртина со (24:21), домаќините вратија во втората (25:20), во која изградија и минимална предност од (46:44).

Соколов беше централна фигура во нападот на кавадарчани. Екс репрезентативецот реализира 16.поени, а беше добро следен од уште еден поранешен репрезент, Предраг Самарвиски, кој реализираше девет поени, и уште еден новак, Обрад Томиќ, кој имаше еден поен помалку.

Кај гостите, прво име во нападот беше Тодоровиќ, стрелец на 13.поени, Јанески даде девет, додека по седум имаа актуелниот репрезентативец, Ефремовски и Ворку.  

Рамноправната игра продолжи и по паузата од 15.минути. Макар што кавадарчани беа тие кои имаа постојано водство, но не и убедливо. Евидентно беше дека големиот број на промени во играчкиот ростер во двете екипи во текот на летото, влијаеше и на квалитетот на играта.

И во таков редослед на работите, Гостиварци продолжија многу поефикасно. По таа одлична секвенца, гостите дури и го превземаа водството кое во 29.минута беше изразено со пет поени (68:63), по што мораше да реагира тренерот на домашната екипа, Горан Самарџиев.

Генерално од тој момент Еуро Никел 2005 заигра многу поангажирано, особено во нападот. Но тоа се „почувствува“ дури во последниот дел од играта. Феноменално во одбраната одигра домашната екипа која им дозволи на противничките кошаркари да реализираат само пет поени.

И со една долга серија на поени да стигнат до првиот триумф во новата сезона. Апосоутлно заслужен, и во кој дури петмина кошаркари завршија со двоен број на поени. Најмногу, 21, даде Самарџиски кој покажа дека за оваа лига е „нешто“. По одличното прво полувреме, Соколов заврши со 18 поени, додека Калахан даде 16.

Кај Гостивар, Тодоровиќ и Ефремовски стигнаа до таа иста бројка – 21.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО

Феникс 2010 – Навико Академија ФМП      70:68

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 78:85

Еуро Никел 2005 – Гостивар     88:77

3. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ - Битола

4. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

17.30: Кожув - ТФТ

Сала „26.април“ - Гевгелија

18.00: Куманово 2009 – Ангели

Сала „Перо Наков“ - Куманово