22.10.2023

Во последниот меч од 4. коло, Гостивар беше убедлив на гостувањето во „Билјанини извори“, (87:64)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Охридска рехабилитација за гостиварци

Гостиварци делуваа сигурно на гостувањето во Охрид. Доминираа во три четвртини, и на крајот дојдоа до убедлива победа, втора за нив во четири одиграни кола.

ОХРИД – ГОСТИВАР         64:87

Од самиот почеток, гостите најавија дека се подготвени да стават крај на мини-серијата во која влегуваат два порази. Тоа и го покажаа на теренот. По десет минути игра, водеа со двоцифрена позитива (24:13).

Охриѓани парираа само во вториот период, оној во кој успеаја да одржат само резултатска рамнотежа. Но Гостивар ја одбрани предноста која ја стекна во воведниот дел од натпреварот.

На одморот, водеа со едноцифрени (43:34).

Но по големиот одмор, гостиварци практично ја репризираа првата четвртина, и „отидоа“ на уште повисоки (70:55), разлика која се покажа како недостижна за домашната екипа, која останува на еден успех во четири одиграни кола.  

Одлично издание имаше еден од најмладите во тимот од Гостивар, Виктор Златевски, кој освен 22. поени (7/10 во реализацијата за два поени и 7/7 од линијата за слободни фрлања), додаде и по четири скока, четири асистенции, имаше и две освоени топки. Поентерски беше следен од Инграм, кој реализираше 15.поени, Остен, кој даде 12, и Митевски, кој заврши со 11.реализации.  

Во охридскиот состав, Ибраими постигна 17.поени, Волканоски имаше 11, а Кимброу беше блиску до дабл-дабл ефект, реализираше 9.поени и 12.скока.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Охрид – Гостивар 64:87

ТФТ Моцарт – Академија ФМП           73:64

Работнички – МЗТ Скопје          59:73

Еуро Никел 2005 – Пелистер    60:66

Чаир 2030 – Вардар         100:76

Феникс 2010 – Кожув      96:80

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Чаир 2030 7, ТФТ Моцарт 7, Феникс 2010 6, Пелистер 6, Работнички 6, Вардар 6, Гостивар 6, Кожув 5, Охрид 5, Н.Академија ФМП 4;

ИДНО КОЛО (28.10)

Гостивар – Феникс 2010

Н.Академија ФМП – Чаир 2030

Кожув – ТФТ Моцарт

Пелистер - Охрид

МЗТ Скопје – Еуро Никел 2005

Вардар – Работнички