03.11.2023

Денеска, од 17.часот, во „Билјанини извори“, МЗТ Скопје Аеродром му гостува на новиот прволигаш

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Охридски тест за шампионот, деби на Самарџиев на клупата на Работнички против неговите кавадарчани...

Еден ден порано од вообичаените термини, со натпреварот во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде отворено шестото првенствено коло.

МЗТ Скопје Аеродром (4-1) е голем фаворит во дуелот со екипата на Охрид (1-4), дури и кога стручниот штаб на „сино-белите“ не може да смета на репрезентативниот двоец Војдан Стојановски-Бојан Крстевски, кои извесно, ќе го „прескокат“ гостувањето покрај Охридското Езеро.

Натпреварот е закажан за вечерва од 17.часот.

Два натпревари, и двата во Скопје, ќе се одиграат во саботната програма. Најпрво од 12.часот, во салата на СРЦ „Кале“, екипата на ТФТ Моцарт ќе го дочека Гостивар (2-3), во обид да ја продолжи серијата на успешни игри кои ги донесоа „црно-белите“ на делба на првата позиција (ефект 4-1), заедно со екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Чаир 2030.

Чаирчани својот меч од ова коло ќе го стартуваат од 19.часот, на свој терен во салата „Шабан Трстена“, а гостин им е екипата на Кожув (скор 1-4).

Три натпревари во главниот град ќе се одиграат и во недела, и тоа во „растојание“ од три часа.

„Серијата“ стартува од 18.часот, „Под Кале“, каде екипата на вардар (2-3), по стартните две победи ќе се обиде да додје до третата во натпреварот против екипата на Навико Академија ФМП која пак нема ниту еден успешен настап во првите пет кола.

Од 19.часот, во СРЦ „Кале“, ќе се сретнат две екипи со идентичен скор по пет одиграни натпревари. Работнички и Еуро Никел 2005 имаат по три победи и два порази, а овој меч привлекува особено внимание ако се знае дека ќе биде прв за Горан Самарџиев како шеф на стручниот штаб на Работнички. А неговото деби во оваа нова улога ќе биде токму против неговиот „довчерашен“ клуб, оној од неговото родно Кавадарци.

Колото број 6 ќе биде „затворено“ со дуелот во СЦ „Јане Сандански“, каде од 20.часот, Феникс 2010 (3-2) и Пелистер (3-2), ќе ја продолжат, или пак, поинаку кажано, ќе ја прекинат серијата од неколку победи по ред која ја имаат во изминатиот период.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ:

ДВОЈКИ 6.КОЛО

3.НОЕМВРИ (ПЕТОК)

17.00: Охрид – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Билјанини извори“ - Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vgRKHQMk8mw?si=whSq1tMYGFA11Jog

4.НОЕМВРИ

12.00: ТФТ Моцарт – Гостивар

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/kgR-GBmO4J4?si=L3y-oPUJxOR0F2t3

19.00: Чаир 2030 – Кожув

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/O7FWP7fviLE?si=FLrLGfDwHq-mEYsw

5.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Вардар – Навико Академија ФМП

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1LNboF1jjTQ?si=nexMKqiVYAYf3gxT

19.00: Работнички – Еуро Никел 2005 (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/otQq4BPP03k?si=q6Zjxou4HsMOX2NB

20.00: Феникс 2010 – Пелистер

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4qA4ieHsuq8?si=NfuItU8qBum4x596

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 9, ТФТ Моцарт 9, Чаир 2030 9, Еуро Никел 2005 8, Работнички 8, Пелистер 8, Феникс 2010 8, Вардар 7, Гостивар 7, Кожув 6, Охрид 6, Навико Академија ФМП 5;