16.12.2023

Охрид го победи Вардар на домашен терен со (89:81), тоа е втор триумф во сезона

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Охриѓани се израдуваа по втор пат во првенството

Кошаркарите на Охрид дојдоа до својата втора победа сезонава во Прват лига, триумфирајќи во 12. коло против скопски Вардар

ОХРИД – ВАРДАР  89:81

Долго време охриѓани немаа победа во првенството за вечерва, на домашен терен, сосема заслужено стигнат до триумфот против „вардарци“ кои потклекнаа во последниот период од играта.

Максимално израмнето се играше во три четвртини од натпреварот во салата „Билјанини извори“. Пресуди онаа последната во која домашната екипа успеа да се одвои, и да стигне до толку посакуваната победа, За нив втора во оваа сезона, која треба да им значи многу во продолжението од сезоната.

Во последната четвртина одлична игра на домашните во одбраната, „вардарци“ беа задржани на само 16. постигнати поени, дадоа осум повеќе – 24, сосема доволно за триумф кој значи многу за самодовербата на охридскиот прволигаш.

Најдобар кај Охрид беше Американецот Лајонс со „дабл-дабл“ ефект од 22. поени и 11. скока, Волканоски постигна 15 поени (имаше и седум скока), додека новакот Димовски заврши со 14 поени.

Кај Вардар по 21 поен постигнаа Атанасов и Наков.

Во недела следуваат уште два натпревари. Од 18.часот, во кавадаречки „Јасмин“, ќе играат Еуро Никел 2005 и Навико Академија ФМП, а нешто подоцна (20.часот), во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, Феникс 2010 е домаќин на екипата на Чаир 2030.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12.КОЛО

Охрид – Вардар    89:81

ТФТ Моцарт – Работнички 57:72

Пелистер – Гостивар       89:88

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув           79:65

17. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/6DYlcBjEKSk?si=087HwNPFGuk_fkxJ

20.00: Феникс 2010 – Чаир 2030

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PMD2mUNBfNo?si=dBQeHfYjOijdGPvZ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 23, Пелистер 21, Еуро Никел 2005 19 (-1), Работнички 18, Чаир 2030 18 (-1), ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17 (-1), Гостивар 16, Кожув 15, Вардар 15, Охрид 14, Навико Академија ФМП 13 (-1);