31.10.2020

Екипата од Кисела Вода го направи првото изненадување, на премиерата подобра од фаворитот (84:75).

Прва лига-мажи: Пантерски скок на ФМП преку Гостивар

Отворањето на новата сезона во македонскаѕта кошарка го одбележа изненадувачкиот триумф на екипата на Академија ФМП во дуелот со фаворизираниот состав на Гостивар.

Младиот тим предводен од тренерот Александар Петровиќ беше далеку подобар ривал во целиот тек на средбата во салата „Независна Македонија“.

Академија ФМП - Гостивар       84:75

Изворедно прво полувреме одиграа младите кошаркари на Академија ФМП во дуелот со фаворитот од Гостивар.

Од самиот почеток на средбата наметнаа свој стил на игра. Со брза, динамична игра во нападот, креираа многу отворени шутеви, и реализираа поголем дел од нив.

Тоа го најавија уште во првата четвртина во која стигнаа до солидна предност (24:15), која во продолжението ја зголемија уште повеќе. На полувремето изнесуваше дури 15.поени (48:33).

Странците во екипата од Кисела Вода искомбинираа 26.поени, најмногу од нив, 10 имаше Крстајиќ. На другата страна Ренато Димитриески имаше едeн повеќе-11, а Армстед девет...

Повеќе од шест минути им беа потребни на гостите од Гостивар да намалат на едноцифрена негатива (47:56). Но Крстајиќ беше непогрешлив од дистанца (5 од 5 во обидите за два поени), а до крајот на третиот период, „пантерите“ одбранија најголем дел од водството (67:57).

Во последниот, гостите (без отсутниот Димчевски) се обидуваа да најдат начин како да ја раситни негативата на уште помали „парчиња“. Но не најдоа конечно решение за тоа.